Во петок, на 23-ти јануари, 2014 година во просториите на Скопски Саем се одржа вториот Бизнис форум, со фокус на иновации.

biznis_forum_01

biznis_forum_03

Организатори на настанот беа: Општина Гази Баба, Општина Тетово, Euro-Macedonian knowledge and innovation Centre (EMKICE), Универзитетот на Југоисточна Европа, SEEU Techpark и Илумине – Центар за развој на ИКТ во образованието. Учество земаа претставници на институции, компании и асоцијации, како и високи претставници од странски мрежи кои работат на поддршка на иновации и претприемништво (EBN, WestBIC, Finnovaregio) кои на овој бизнис форум одржаа панел дискусии на различни теми.

biznis_forum_07

Претставник на Фондот за иновации технолошки развој зема учество во првиот панел, на тема “Економски развој – можности за креирање на работни места во периодот 2015-2020 преку регионална и меѓу-секторска соработка за поддршка на бизнис иновации” на кој се дискутираше за политиките и мерките за поддршка на иновации. Беа презентирани мисијата и инструментите на Фондот, а воедно беше најавено и отворањето на првиот повик под инструментот Кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации, за првиот квартал од 2015 година. На панелот беа споделени и искуства од добри практики од Ирска и регионот Валенсија, Шпанија.

biznis_forum_06 biznis_forum_05

Останатите панелите опфатија теми за Бизнис иновациски центри (BIC’s) за потребите и услугите за граѓаните и компаниите, особено малите и средни претпријатија, потоа тема за женски инвеститори – бизнис ангели и женски претприемачи, како и темата на можностите за финансирање преку ко-инвестициски фондови и тема за можностите на компаниите за добивање грантови преку ЕУ фондовите и програмите од 2014 до 2020 година (Horizon 2020, COSME, IPA, IPARD) и претставување на мрежата “COSSME” каде се поддржува соработката со јавниот, приватниот, академскиот и невладиниот сектор од земјата и регионот.