На 25ти март 2015 година во хотел Континентал во организација на регионалниот Бизнис центар на Скопскиот плански регион се одржа настан за „Промоција на иновациите и технолошкиот развој“.

Настанот беше наменет за запознавање на потенцијалните претприемачи, микро, малите и средни претпријатија со потенцијалот на иновациите и технолошкиот развој за конкурентноста на компаниите и можностите за финансиска подршка кои ги нуди Фондот за иновации и технолошки развој.

Во првиот дел на настанот свои излагања имаа претставниците на партнер институциите – Министерството за локална самоуправа, Сојузот на стопански комори на Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Вториот дел на настанот беше посветен на претставување на Фондот за иновации и технолошки развој. Претставници на Фондот ги запознаа присутните со мисијата, целите на Фондот и со финансиските инструменти креирани за поддршка на бизнис секоторот. Посебно внимание беше посветено на првиот јавен повик за доделување стедства.

Настанот заврши со конструктивна дискусија поврзана со правилата и процедурите за аплицирање што сведочи за особениот интерес кој присутните го покажаа за инструментот Ко-финансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации.