Jovan_Despotovski_intervju_sitel_21-12-2017-2

Бизнис секторот предлага иновативни решенија за справување со загаденоста

Нов тип на материјали за греење и нова технологија на согорување на постојните, со што ќе се добие нула или минимална концентрација на штетни честички во воздухот. И деловниот сектор се вклучува во изнаоѓање решенија за намалување на аерозагадувањето. Ова е опфатено во предлог проектите на мали и средни претпријатија кои учествувале на јавниот повик на Фондот за иновации наречен О2 предизвик. Не само за греењето, биле понудени и идеи за градежништвото и транспортот.

– На пример во делот на транспорт и мобилност, имаме солуции како да се подобро регулира сообраќајот во централното градско подрачје и да се генерираат пари кои потоа би биле наменети на пример за зазеленување. Во делот на градежништво и урбани алтернативи исто така има на пример солуции за воведување на нови градежни материјали, или, пак, подобрување на технологијата на производство на истите со кои би се довела таа емисија на штетни чрстички на нула или во минимални граници, вели Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Ова е прва ваква иницијатива на Фондот на која се пријавиле 30 мали и средни претпријатија, но 27 од нив учествуваат во изборот. До крајот на јануари треба да заврши целиот процес, а апликантите кои ќе бидат избрани имаат една година рок да го развијат решението.

– Некои решенија може и порано но рокот во повикот е една година. Така да наредната година ова време очекуваме едно, две или три решенија да бидат во функција и да помогнат во она што сите не мачи, вели Деспотовски.

Буџетот на Фондот за иновации за оваа намена е 6.000.000 денари. Може да го добие еден проект, но може да бидат избрани и повеќе решенија од страна на посебно формирана комисија.

(Интервју на Јован Деспотовски за Сител)