FITR_vlada_potpishuvanje_08-02-2018_2-2

Владата на Република Македонија станува партнер во финансирање иновативни проекти на домашните компании

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа свеченост по повод доделувањето на договорите за финансирање на иновативни проекти на 20 домашни микро, мали и средни претпријатија кои аплицираа на два јавни повици спроведени од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.

Претседателот на Владата на Република Македонија во своето обраќање посочи дека Владата на Република Македонија и во иднина поизразено ќе вложува буџетски средства за развој на иновациите и порача дека соработката со Светска банка продолжува, институциите ќе продолжат да работат како сервис и партнер на бизнисот во остварување на целите за развој и на бизнис идеите како дел од севкупниот развој на економијата.

FITR_vlada_potpishuvanje_08-02-2018_Zaev

На денешниот настан свое обраќање имаше и заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев кој истакна дека оваа влада за 47 % определи повеќе средства за поддршка на економијата во Република Македонија и за прв пат ги поддржува македонските компании.

– На сите добитници им честитам и посакувам проектите да бидат имплементирани што поскоро, а тие да видат бенефит од таквите проекти. Овие проекти се доказ дека ние имаме млади паметни луѓе и ако тие млади паметни луѓе се поддржани ќе има зошто да останат да живеат и работат во Македонија – рече вицепремиерот Анѓушев.

FITR_vlada_potpishuvanje_08-02-2018_Angjushev

На настанот се обрати и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски кој истакна дека за прв пат Владата на Република Македонија заедно со институцијата што тој ја раководи стануваат инвеститори во развојот на компаниите, а со тоа и во развојот на економијата и најави дека во подготовка е повик за финансирање на проекти од третиот столб на Планот за економски раст за кој се издвоени 185 милиони денари.

– На денешниот настан ги претставуваме првите резултати од еден поинаков концепт за поддршка на економијата и растот. Доделуваме 20 договори за финансирање на иновативни проекти преку кои Владата на Република Македонија односно Фондот за иновации и технолошки развој станува инвеститор во развојот на компаниите и економијата – истакна директорот Деспотовски.

Директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели во своето обраќање му честита на Фондот за иновации и технолошки развој за успешното завршување начетвртиот повик и на добитниците им посака успешно реализирање на проектите.

FITR_vlada_potpishuvanje_08-02-2018_Mantovaneli

– Како претставник на Светска банка можам да кажам дека сме особено горди што ја поддржуваме Владата на Република Македонија во обидите да ги трансформира технолошките и иновативните потенцијали во вистински економски резултати –
порача директорот на Светска банка во Македонија Марко Мантованели.

И претставници на компаниите потписнички на договорите во своите обраќања објаснија на кој начин оваа финансиска поддршка ќе им помогне во реализација и понатамошно развивање на нивните иновативни проекти.

Стефан Митевски од компанијата Систем оф Ентерпрајс порача дека мисијата на неговата компанија е таа да стане иновациски центар во осигурителната индустрија и дека овој тип на финансиска поддршка е значајна во процесот на креирање на нови производи, додека претставникот на иноваторите на ГЕТ велосипедот за компанијата Венито Комерц посочи дека оваа иновативна идеја е пред сè на група студенти, потпомогнати од компанијата, а сега и од владата и Фондот за иновации, чијашто реализација во иднина ќе значи и дел од решавање на проблемот со загаденоста на воздухот во урбаните средини.