FITR_18-05-2018_4

Втор ден од „Финалето на предизвик за млади истражувачи“

Министерката за образование Рената Дескоска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски се обратија на „Финалето на предизвикот на млади истражувачи“, кој обедини истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки oд 31 основно и 18 средни училишта од територијата на цела Република Македонија.

На отворањето на вториот ден од „Финалето на предизвик за млади истражувачи“ министерката за образование Рената Дескоска ги поздрави идните лидери на Македонија, затоа што иновативноста ја прави разликата меѓу следбеникот и лидерот.

„Со реформите во образованието кои ги правиме како министерство сакаме да им дадеме можност на младите луѓе да се инволвираат во општественото живеење, да ги поттикнеме креативно да размислуваат и да остават белег на денешницата. Иако бевме скептици на почетокот на овој јавен повик, денес размислуваме за проширување на наградниот фонд, за да ги поддржиме младите во нивната иновативност која е многу видлива преку нивните проекти“.

FITR_18-05-2018_2

Деспотовски потврди дека од идејата за поттикнување на креативно размислување кај младите, денес имаме успешен натпревар на кој се пријавија 98 училишта.

„Развојот на целото општество е заснован на критичкиот, креативниот и иновативниот потенцијал на младите, кој нам како Фонд за иновации ни е поттик да продолжиме да делуваме во иднина. Затоа со задоволство го најавувам идниот јавен повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ кој ќе го отвориме со почетокот на идната учебна година“.

FITR_18-05-2018_3

Вчера и денес финалистите на овој јавен повик имаат јавна презентација на своите проекти во Кинотеката на Македонија.

Најдобрите основни средни училишта, добитници на награди на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ ќе бидат објавени на 9 јуни, на голем настан во Градскиот парк во Скопје.