GIST_Tech-I_voting_31-1-2018

Гласајте за најдобрите стартапи на „GIST Technology Idea Competition 2018“

Натпреварот „GIST Technology Idea 2018“ претставува можност за млади иноватори од областите на наука и технологија да се натпреваруваат за менторство, обука и претприемачки ресурси. Од речиси 600 млади претприемачи кои аплицираа со видеа во кои ги објаснуваат нивните иновативни идеи и стартапи, секој од GIST алумни менторите избра по најмногу три стартапи кои ќе ги претставуваат во глобалното јавно гласање. 10-те полуфиналисти со најмногу освоени гласови ќе имаат можност своите стартапи да ги презентираат на Global Entrepreneurship Congress 2018 (GEC) во Истанбул, Турција, како и шанса да освојат 10.000 долари почетен капитал.

Гласајте за GIST Tech-I полуфиналистите на www.GISTNetwork.org од 26 јануари до 22 февруари 2018. Во јавното гласање може да учествува секој со по еден глас дневно.