Despotovski_intervju_AlsatM_23-05-2018

Голем интерес кај компаниите за финансирање на проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст

Повеќе од 320 компании подигнале аплкациски формулари за првиот јавен повик на ФИТР за финансирање проекти во рамки на третиот столб на Планот за економски раст. За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е износ од 185 милиони денари или околу 3 милиони евра, а вкупниот буџет за мерките од третиот столб изнесува 645 милиони денари или 10,5 милиони евра. Директорот на ФИТР Јован Деспотовски го најави и формирањето на еквити и мезанин фондови за кои досега е обезбеден капитал во висина од 7,5 милиони евра.

Интервју за Економски магазин на ТВ Алсат-М на 23.05.2018