На 18.02.2015 година гостин во Дневник 1 беше Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации и технолошки развој, која го најави првиот повик за кофинансирани грантови за стартап и спин оф компании од Фондот за иновации во износ од 600,000 евра. Од вкупно 4 инструменти на Фондот, моментално е пуштен повик за првиот инструмент кој ќе трае до 18 април 2015 година со цел зголемување на капацитетите на македонските компании за апсорпција на нови знаења и нови технологии,  поинтензивна соработка со странски компании и трансфер на технологии и знаења и поттикнување комерцијализација на научно- истражувачки проекти. Условите за аплицирање како и сите потребни формулари за аплицирање компаниите можат да ги најдат на веб страницата на Фондот за иновации.

Видеото може да го погледнете на следниов линк