IMG_3951-2_Jovan_1

Дваесет компании добија договори вредни 80 милиони денари преку ФИТР

Дваесет микро, мали и средни претпријатија добија договори за финансирање на иновативни проекти преку двата јавни повици на Фондот за иновации и технолошки развој. Вкупниот износ на средствата за финансирање на компаниите изнесува 80 милиони денари и се обезбедени од Буџетот на РМ и Светска Банка. Директорот на Фондот Јован Деспотовски го најави новиот повик за финансирање на мерките од третиот столб на планот за економски раст за кој се издвоени 185 милиони денари од Буџетот.

Прилогот е објавен во вестите на МРТ на 08.02.2018