Еразмус за млади претприемачи

EYE

Еразмус за млади претприемачи е програма за прекугранична размена која им дава можност на новите претприемачи да учат од искусните претприемачи кои водат мали и средни бизниси опфатени со Програмата. Новите претприемачи преку престој (од  1 до 6 месеци) кај претприемачи-домаќини се стекнуваат со знење и искуства неопхдни за водење на мал бизнис. Од 2014 програмата е финансирана во рамките на програмата COSME (2014 – 2020) каде што 55.3 милиони евра се наменети за Еразмус за млади претприемачи до 2020 година.

Имаат право да се пријават претприемачи и претприемачи-домаќини од земјите членки на ЕУ и КОСМЕ земјите како што се Р.Македонија, Исланд , Црна Гора, Турција, Албанија, Србија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Ерменија.

Нов претприемач е дефиниран како:

  • Постојан жител на една од земјите кои се вклучени во програмата
  • Планира да започне бизнис или започнал бизнис во претходните 3 години
  • Конкретна и изводлива бизнис идеја преточена во квалитетен бизнис план

Претприемач-домаќини е дефиниран како:

  • Успешни и искусни претприемачи (сопсвеник-раководител) со најмалку 3 години работно искуство во водење на микро мали и средни претпријатија
  • Постојан жител на една од земјите членки кои учествуваат во програмата
  • Сопственици на мали и средни претпријатија или луѓето кои се директно вклучени во претприемништвото на ниво на управниот одбор

Не постои возрасна граница за учество во програмата, туку врз основа на бројот на години на имање искуство како претприемач.

Бенефициите кои ќе ги имаат од програмата Еразмус за млади претприемачи се:

Не се дефинира како обука, туку работно место во компанијата која е домаќин за да ги развијат претприемничките вештини и да се здобијат со бизнис знаење и искуство за управување на мал бизнис во диреткна соработка со претприемач-домаќин. Исто така новите претприемачи ќе имаат можност да престојуваат во странство, во една од земјите членки на ЕУ или во земја учесничка, каде што ќе соработуваат со своите домаќин-претприемачи.

Процесот за аплицирање е поделен во 4 фази и е олеснет од страна на посреднички организации, контакт точки на програмата:

  1. Фаза на аплицирање:

        Се аплицира online на: http://www.erasmus-entrepreneurs.eu/

  1. Matching phase (две компании се спојуваат и соработуваат): каде што претприемачите ја поттикнуваат нивната соработка и го дефинираат планот на активности
  2. Фаза на подготовка: склучување на договори и подготовка на размена
  3. Фаза на спроведување: новиот претприемач патува во странство, поминува извесно време таму и воедно соработува со претприемач-домаќин

Линкови за повеќе информации:

https://magic.piktochart.com/output/19999180-erasmus-for-young-entrepreneurs-january-2017-copy22

https://ec.europa.eu/growth/smes/promoting-entrepreneurship/support/erasmus-young-entrepreneurs