ЗДРАВСТВО

1800123_780590648637473_840081001_o

Компанијата „Гифти Текс“ од Прилеп која е финансиски поддржана од ФИТР, се солидаризира со здравствените работници на РСМ и во оваа ситуација ќе помогне со производство на заштитни маски за потребите на граѓаните. Оваа иницијатива е поддржана од релевантните институции, а маските ќе бидат дистрибуирани во надлежните институции и истите ќе бидат комплетна донација од „Гифти Текс“. На иницијативата и се приклучија и компаниите „Стан МК“  и „Кули“ од Прилеп.

logo33-e1526762844644-250x98

Конфекција „Кули“-Прилеп упатува апел:

Конфекцијата „Кули“ од Прилеп која е финансиски поддржана од ФИТР, во овој тежок период сака да помогне во националните напори за справување со корона вирусот.

Тие нудат помош, односно бесплатна изработка на медицински маски за заштита. Трошоците за работна рака ќе бидат комплетно на нивен товар, а од компанијата напоменуваат и дека можат да сносат и дел од трошоците за снабдување на основниот и помошниот материјал за изработка. Ги молиме компаниите чија дејност е производство на заштитни маски или други соработници со кои заеднички може да се реализира овој процес да го контактираат менаџерот на конфекција „Кули“, Александар Мариновски (070 308 603) со цел воспоставување на соработка од интерес на секој од нас!

 

45631614_445822205945046_5419219515948924928_nМакедонската компанија Vauron која е финансиски поддржана од ФИТР

Донираше 10 прочистувачи на воздух на Инфективната Клиника во Скопје, оддел за пациенти со корона вирус, со што директно сакаат да придонесат во борбата против ширењето на овој вирус. Од компанијата информираат дека повеќеслојниот Hepa H13 филтер кој го користат прочистувачите на оваа компанија го чисти воздухот од Корона вирусот. Според испитувањата, SARS-CoV-2 е со просечна големина од 0,125 микрометри кој сензорите не го детектираат бидејќи е многу мал, но филтерот може да го зароби.

 

56910244_798481193843667_8698156055483383808_n

Фротирка компани која е финансиски поддржана од Фонд за иновации и технолошки развој ќе донира 1.000 заштитни маски за лице на Министерството за здравство на РСМ, кои оттаму ќе бидат распределени во клиниките и институциите кадешто има потреба.

 

KRSTE MISIRKOV KUMANOVO

ООУ „Крсте Мисирков“ -Куманово кои се финансиски поддржани од ФИТР со проектот „Испринтај ја твојата фантазија“, купениот 3Д печатач предвиден за реализација на проектот ќе го пренаменат за производство на визири. Сегашните и поранешните ученици од училиштето ќе печатат визири за заштита од вирусот Ковид-19, на докторите и медицинскот персонал од Општата болница во Куманово. Со напорна работа од 18 до 20 часа дневно, тимот произведува од 60 до 70 парчиња дневно.

 

АНГОР АГ ЛОГО (002)

Компанијата „Ангор АГ“ која е финансиски поддржана од ФИТР нуди:

HEALTH eGuard – систем за превентивна здравствена заштита за употреба во новонастанатата ситуација поврзана со COVID-19 вирусот. Станува збор за посебна клоуд и мобилна верзија на системот, преку која на матичните лекари им нудат бесплатна употреба на HEALTH eGuard системот со кој ќе може да ја следат здравствената состојба на нивните пациенти без потреба истите да доаѓаат во нивните ординации. Пацинетите преку мобилна апликација ќе може да испраќаат податоци за температура и притисок (измерени во домашни услови), а матичните доктори преку клоуд апликацијата ќе имаат комплетен увид за параметрите за секој пациент. Контакт за барање на отворање на акаунт за матични доктори и кратка обука за употреба на системот: info@healtheguard.com

 61841071_101163474485819_6615519000539430912_o

Компанијата „Виталиа“  која е финансиски поддржана од ФИТР,  донира пакети здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал од Клиниката за инфективни болести во Скопје.

За севкупнот медицински персонал, од компанијата донираат сетови од здрави продукти кои ќе им помогнат во одржување на добра психофизичка кондиција како и заштитна опрема која е неопходна во оваа заедничка борба со корона вирусот.

 

JlQYOUV7VUOD2zdnpfGARA-large

„Алкалоид АД Скопје“, кои се финансиски поддржани од ФИТР, донираа износ од 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на македонското Министерството за здравство формирана за целите на справување со здравствената криза.

Додека се уште се консолидираат ресурсите за справување со посилен импакт од вирусот Covid-19, „Алкалоид АД Скопје“ и покрај сите логистички и ресурсни предизвици, одлучи да ги намали цените на 158 свои производи кои во моментов се наоѓаат на листата на потреби веројатно на секое македонско домаќинство: фармацевтските брендови „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, „Бетадине“„Ацерола“, „Блокмакс“, „Бронлес“, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос“, сите дезинфициенси, антисептици, средства со антибактериско дејство и други слични производи.