hakatonprototipfb

Известување за „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“

Организаторите на „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“ донесоа одлука натпреварите да бидат продолжени до 01.11.2016 година.

Заради приклучување кон глобалната иницијатива на Youth For Public Transport (Y4PT) Foundation, аплицирањето на  „Скопски автобуски хакатон“ се продолжува до 1 ноември 2016 година.

For Public Transport (Y4PT) Foundation заедно со поддршката на International Association of Public Transport (UITP) во Монтреал, Квибек Канада организира Глобален Самит за Јавен Транспорт 2017.  Сите победници на локалните хакатони вклучуваќи и еден преставник на победниците на „Скопски автобуски хакатон“, во 2017 година ќе патува во Канада да се натпреварува на ГЛОБАЛЕН ХАКАТОН заедно со сите победници на локалните хакатони низ светот со цел изнаоѓање најдобро решение за долготрајна одржливост на јавниот транспорт. Повеќе информации и аплицирање на: http://jsphakaton.mk/ 

Натпреварот „Паметна автобуска постојка“ се продолжува до 1 ноември 2016 година заради дополнителни промотивни активности на факултетите низ Македонија. Аплицирајте на: https://goo.gl/LGp9Mb