На 18ти март 2015година во Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, Фондот за иновации и технолошки развој одржа информативен настан под наслов „ Насоки за подготовка на предлог-проекти“. Овој настан беше организиран со цел подобро информирање за процедурите за аплицирање, детално објаснување и насоки за пополнување на апликацискиот пакет за отворениот повик на Фондот Кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации.

Настанот го отвори директорката на Фондот, Јасмина Поповска презентирајќи програмите на Фондот, со посебен фокус на првиот инструмент Кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации, чиј повик е во тек и ќе трае до 18ти април 2015година. Пред присутните беше претставен апликацискиот пакет и беа дадени насоки за пополнување на истиот, како и за придружната документација потребна за аплицирање, и им беа презентирани детални објаснувања околу структурата на самиот апликациски пакет.

SAMSUNG CSC

Преку овој настан, а и претходните одржани низ Македонија, како и тие што следат се верува дека ќе се пренесе информацијата до поголем број на заинтересирани и корисници и истовремено се охрабруваат сите потенцијални апликанти да ги користат можностите за финансирање кои ги нуди Фондот за иновации и технолошки развој.