fitr-image

Информативни настани на Фондот за иновации за третиот јавен повик

Фондот за иновации и технолошки развој во текот на месец јуни организираше информативни настани низ повеќе градови во Македонија со цел појаснување на начинот на аплицирање за отворениот ТРЕТ ЈАВЕН повик за доделување на средства преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф. За овој инструмент може да добијат средства микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Фондот доделува до 30.000 евра по предлог проект. Информативните настани се оддржаа во Скопје во соработка со Бизнис центарот на Скопски плански регион, во Битола во соработка со Центарот за развој на пелагониски плански регион и регионалната канцеларија на Стопанска комора на Македонија, во Штип во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион и регионалната канцеларија на Стопанска комора на Македонија, во Охрид со соработка со општината, во Струмица во соработка со Центарот за развој на Југоисточен плански регион, Велес во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион и регионалната канцеларија на Стопанска комора на Македонија и во Тетово во соработка со Технолошкиот парк при Штуловиот Универзитет и Бизнис центарот на Полошки плански регион. Фондот го презентираше третиот јавен повик и во Куманово како дел од програмата на настан организиран од страна на Центарот за развој на Североисточен плански регион.

IMG_20160627_102550

SAMSUNG CSC

SAMSUNG CSC

image-0.02.01.97cce847264ffcf0428198b398ac002fc6ce48692c0f6d96508b8f636b408d78-V

image-0.02.01.4ce341dc43e4458f25cec9b43ed587b60ed95ab4323870c1cc211cbfe35a0053-V