На 17ти март, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа, се одржа презентација на првиот повик за „Кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф претпријатија и иновации“. Студентите и претприемачите кои беа присутни на настанот имаа можност да слушнат за можноста за финансирање на старт-ап и спин-оф компании која ја нуди Фондот.

Се надеваме дека младиот потенцијал барем малку го поттикнавме да размислува во насока на отворање сопствен бизнис, а за поискусните претприемачи, се надеваме дека понудивме еден нов пристап кон средства за проширување на бизнисот преку проекти засновани на иновации.