Можноста за аплицирање за грант во износ до 30.000евра Фондот за иновации и технолошки развој ја претстави и пред штипјани.

ФИТР работната недела ја започна во амфитеатарот на општина Штип. На 16ти март претставници на Фондот ги презентираа правилата и процедурите за аплицирање на првиот јавен повик за „Кофинансирање на старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации“.

Присутните претставници од бизнис секторот, високообразовните институции, младите претприемачи и пронаоѓачите имаа можност да се запознаат со општите процедури за аплицирање но и да добијат подетални насоки за пополнување на апликацијата.

По покажаниот интерес, се надеваме дека Фондот ќе има можност да поддржи успешни проекти од Штип и околината и со тоа во мал дел да допринесе кон економскиот развој на регионот.

Во текот на неделата презентациите продолжуваат во Тетово, Скопје, Струмица и Велес.