14368640_444970492339917_8494745883797549206_n

Инфо сесија за отворените повици за ЈСП хакатон и Паметна автобуска постојка

Во петок на 23 септември со почеток во 11:00, ја организираме првата од серијата инфо сесии на која сите заинтересирани ќе можат да чујат повеќе детали за процесот на аплицирање за натпреварите „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“. Сесијата планирано е да биде интерактивна, односно сите присутни ќе можат да се вклучат со прашања. Исто така ќе имаме и кафе дружење по завршување на настанот.

ЛОКАЦИЈА:
Амфитетар ФИНКИ во рамки на Технолошко Металуршки Факултет Скопје (https://goo.gl/tKFFqN)

11:00 – 11:10 – Претставување на натпреварите- Јасмина Поповска, Фонд за иновации и технолошки развој и Игор Јанушев, ЈСП Скопје
11:10 – 11:20 Преставување на техничкиот дел за „Скопски Автобуски хакатон“ – проф. др. Иван Чорбев, ФИНКИ
11:20 – 11:30 Преставување на техничкиот дел за прототип натпреварот „Паметна автобуска постојка“ – Атанас Кочов, Машински Факултет Скопје
11:30 – 11:50 Генерирање на идеи/Brainstorming – Јасмина Белчовска Тасевска, UNDP
11:50 – 12:00 Прашања

*во Social Innovation Hub (http://socialinnovation.mk/) за оние што ќе бидат заинтересирани:
12:00 – 13:00 Кафе дружење и потенцијално креирање на тимови

Во меѓувреме, сите заинтересирани можат да аплицираат на натпреварите:
– „Скопски автобуски хакатон“ > http://jsphakaton.mk/
– „Паметна автобуска постојка“ > https://goo.gl/LGp9Mb