O2

Инфо сесија за ,,О2 ПРЕДИЗВИК’’ во општина Тетово

Фондот за иновации и технолошки развој започнува со серијата информативни настани во врска со Јавниот повик за финансирање проекти за намалување на загаденоста на воздухот – ,,О2 ПРЕДИЗВИК’’. Првата инфо сесија ќе се одржи во просториите на општина Тетово,  утре (10.11.2017) со почеток во 12 часот.

Се покануваат сите заинтересирани микро, мали и средни претпријатија кои имаат идеја за проект со кој би придонеле кон намалување на загадувањето на воздухот, да присуствуваат на настанот на кој ќе бидат презентирани условите за пријавување на О2 предизвикот.

Повелете, Ве очекуваме!