Fond_za_inovacii_logo_2

Комитет за одобрување инвестиции на Фонд за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој го објави новиот состав на Комитетот за одобрување инвестиции.

За претседател на Комитетот е именувана д-р Кларис Бехар Молад. Членови на новиот состав со тригодишен мандат се Доналд Луис ЏР и Николаос Георгулас, а со мандат од две години Глигор Ташковиќ и Авинаш Сахи.

Членовите на Комитетот ги избира и именува Владата на Република Македонија од редот на експерти со најмалку десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност. Комитетот ги разгледува и ги одобрува предлог-проектите доставени до него за сите инструменти за поддршка на Фондот.