Фондот ја продолжува успешната соработка со Народната Канцеларија на Претседателот на Република Македонија. Благодарение на поддршката од Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, потенцијалните апликанти за времетраењето на вториот повик (22.09.2015 г. – 21.10.2015 г.) ќе можат да добијат дополнителни информации за условите за аплицирање во Народната Канцеларија во центарот на Скопје, ул. Никола Вапцаров бр. 6, секој работен ден од 9 до 17 часот.