Petok za mladi 29 3 1

Креативна работилница за млади во ФИТР

Работилница за креативно пишување се одржа денес во ФИТР како дел од иницијативата „Петок за млади @ФИТР“. Работилницата ја водеше младата авторка за детска литература, Билјана С. Црвенковска.

„Инициравме создавање на национална програма за развој и поддршка на таленти. И денешната работилница и големиот интерес на учениците е најдобра потврда дека сме на добар пат. ФИТР е отворена институција, простор во кој сите сте добредојдени“ порача Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

Petok za mladi 29 3 3

Дел од денешната работилница беше и Софија Бислимоски како млада поетеса која го сподели нејзиното лично искуство во креативниот процес и дел од нејзините творби.

„Сакам да пишувам затоа што тоа ме исполнува и природата многу ме инспирира, и сѐ што размислувам сакам да го ставам на хартија. Мислам дека поезијата е нешто со коешто цел живот би се занимавала бидејќи ми помага многу повеќе да се доближам до природата, и сѐ што е нереално да го реализирам во мојот свет“, кажа Софија.
Ученици од скопското основно училиште „Мирче Ацев“ имаа можност самите да станат автори преку пишување на краток расказ и создавање стрип.

Petok za mladi 29 3 2

Инцијативата „Петок за млади @ФИТР“ се реализира веќе втора година и има цел да промовира отворено, критичко и креативно размислување кај младите.