Скопје стартап викенд (19-21.10.2018 година)

Младите во фокусот на ФИТР – „Скопје стартап викенд“ поддржан од Фондот

Целта на ФИТР е да ги поттикне младите да започнат свој бизнис, да ги охрабриме да имаат критичко мислење, секогаш да се обидуваат, макар некогаш и да погрешат. Како институција сме посветени на соработката со младите, а од 22.10.2018 година, во тек е и Нов повик на ФИТР за финансиска поддршка на старт-апи.

Ова беше главната порака на Фондот за време на Скопје стартап викенд кој се одржа од 19-21.10.2018 година во Skopje Ceed Hub. Овој настан беше организиран со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

Скопје стартап викенд (19-21.10.2018 година)

Повеќе информации и историјат за настанот:

Стартап Викенд е 54-часовен организиран за прв пат во 2007 година во Колорадо, Америка и досега успешно се организирани повеќе од 2.900 настани низ 150 земји во светот на кои земале учество повеќе од 193.000 амбициозни млади луѓе.

По две години пауза, во Скопје се одржа седмото издание на Стартап Викенд Скопје каде младите добија можност да се стекнат со нови знаења и можности за вмрежување, мотивација и основање на Стартап компании во Македонија.

Програмери, дизајнери, маркетинг експерти, продукт менаџери и стартап ентузијасти се собираат да ги споделат своите идеи, да создадат производи и да ги лансираат своите стартап компании! Учесниците имаа можност да работат со ментори кои се искусни експерти во своите области. На крајот ги презентираа своите идеи пред жирито, а на најдобрите им беа доделени специјални награди и изненадувања.

Учесниците на настанот припаѓаа на различни сфери, најголемиот со технички (програмери, кодери, дизајнери) или бизнис познавања (маркетинг, финансии, право). Она што ги обедини сите присутни е заедничкиот интерес кон претприемништвото, независно дали веќе имаат искуство или за прв пат стапнуваат на стартап сцената. Затоа што сите учесници сакаат да работат во тимови во кои ќе најдат заеднички интереси, ќе бидат мотивирани и вешти во тоа што го прават за да развијат продукт или бизнис за само еден викенд :-)