Драги стартап компании и претприемачи,

Со големо задоволство ви го претставуваме националниот Get In The Ring
(GITR) натпревар повторно и оваа година. Не пропуштајте ја оваа исклучителна можност, пријавете се и учествувајте во трката за инвестиција до €10.000.000 и во борбата за вредните награди: прво место – €1000, второ место – €600 и трето место – €200. Првите двајца победници обезбедуваат пласман на регионалното финале во Бугарија.
Националниот Get In The Ring натпревар ќе се одржи на 5.11.2015
(четврток) во хотел „Александар Палас“ во рамки на 10-тата Европска недела на мали и средни претпријатија, а крајниот рок за пријавување на стартап компаниите е 25.10.2015. Пријавувањето се врши директно на страната на GITR

Право на учество имаат сите претприемачи и стартап компании кои не се постари од 8 години, имаат иновативна бизнис идеја и/или модел кој има голем потенцијал за раст и каде инвестицијата која ја бараат е до €10.000.000. Услов е нивниот претставник одлично да го говори англискиот јазик. Од пријавените кандидати, стручното жири ќе ги избере најдобрите 8 кои ќе се пласираат за учество во финалето. Пред финалето, поточно на 26.10.2015 година во 14:00 часот ќе се одржи кратка информативна обука.

Награди за победниците:

Прво место:

• Награда од €1000 (стартапот е обврзан да учествува на
регионалното финале)

• Титула: Get In The Ring шампион за Македонија

• Пласман на регионалното финале за Источна Европа кое ќе се
случува во Софија

• Интернационална промоција на бизнисот и продуктот

• Можност за освојување до €10.000.000 инвестиции во бизнисот
на финалето и освојување на титулата Олимписки првак на Get In The Ring 2015

Второ место:

• Награда од €600 (стартапот е обврзан да учествува на
регионалното финале)

• Пласман на регионалното финале за Источна Европа кое ќе се
случува во Софија

• Интернационална промоција на бизнисот и продуктот

• Можност за освојување до €1.000.000 инвестиции во бизнисот
на финалето

Трето место:

• Награда од €200

• Национална промоција на бизнисот и продуктот

Формат на натпреварот:

Избраните 8 тимови на учесници ќе бидат повикани на подготвителен настан на кој нашите експерти и партнери ќе ги обучуваат како да ги истакнат своите квалитети и како успешно да се промовираат пред борд на инвеститори. Овој настан ќе се одржи на 26.10.2015 година во Скопје.

На денот на натпреварот ќе бидат формирани 4 двојки кои меѓусебно ќе се натпреваруваат во „битки“ составени од по 5 рунди, на следните теми:

1. „За тимот“;

2. „Достигнувања“;

3. „Бизнис модел и пазар“;

4. „Финансии и предлог за инвестициите“ и

5. „Слободен стил“.

По завршувањето на рундите, жирито има 5 минути за поставување на прашања на секој од кандидатите, по што го избира победникот на битката. Победниците ќе ја претставуваат Република Македонија на регионалниот GITR натпревар за Источна Европа.

GET IN THE RING е иницијатива поттикната од Еразмус центарот за претприемаштво при Универзитетот во Ротердам, Холандија. Овој натпревар, кој оваа година се одржува по четврти пат, цели да привлече учесници од преку 100 земји, со што преминува во олимписки игри за старт-ап компании. За разлика од класичните настапи пред инвеститорите, овој иновативен концепт на еден-на-еден битки во рингот, мошне ефективно ги прикажува клучните информации и потенцијалот на секоја од презентираните бизнис идеи.

Повеќе детали за натпреварот:
Link и
link2

За дополнителни прашања, ве молиме обратете се на
info@ncdiel.mk> info@ncdiel.mk или 02 3099 481.