Cover photo Петок за млади во ФИТР

Најава на прв настан „#ПетокЗаМлади @ФИТР“

„#ПетокЗаМлади @ФИТР“ е нов серијал на настани кој ќе биде посветен на младите и иновациите. Иако во својата секојдневна работа, Фондот за иновации и технолошки развој активно работи на поттикнувањето на иновациските и претприемачки вештини помеѓу младите, еден петок во месецот ќе биде тематски фокусиран на младата популација.

Овој петок, 12.10.2018 година планираме инспиративен настан за дел од основците од ОУ „Димитар Миладинов“ од Скопје. Покрај презентација на работата на ФИТР, основците ќе имаат можност да се запознаат и со победничките тимови и идеи во рамките на работилницата за социјално претприемништво UPSHIFT, која изминатата недела се одржа во Маврово, а ја организираше CEED Hub Скопје со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ.

Настанот е отворен за јавноста. Ве покануваме да земете учество, затоа што овој #ПетокЗаМлади е во ФИТР!

Cover photo Петок за млади во ФИТР

Кусо инфо за 5те победнички тимови и нивните проекти на UPSHIFT работилницата за социјално претприемништво:

  • Тимот на СУГС Владо Тасевски од Скопје со проектот „Дај пластичен кош, не биди повеќе за природата лош“ – Продажба на стаклени шишиња или термоси со посебни стикери со еколошка порака со цел подигање на еколошката свест за последиците од прекумерниот отпад од пластични шишиња.
  • Тимот на Средното економско општинско училиште „Гостивар“ од Гостивар со проектот „Бон тон правила за животна околина“ – Набавка на посебни канти за отпадоци со 4 отвори и изработка на мобилна апликација која ќе сигнализира дали ѓубрето се фрла на право место. Целта е подигање на еколошката свест.
  • Тимот на ПСУ „САБА“ со проектот „Дружење без граници“ – Дневен центар за основци и средношколци со посебни потреби, со волонтерска помош тим психолози и дефектолози.
  • Тимот на ДСУ „Орце Николов“ од Скопје со проектот „Динамик Дуо“ – Две станици за полнење мобилни телефон, напојување со струја на мобилните телефони преку употреба на статични точаци.
  • Тимот на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица со проектот „Енергични бомбици“ – Отворање на ресторан во своето училиште со мени со избор на здрава храна: смути, органски палачинки, свежи сокови и слично. Планот на тимот е вработување на двајца професионалци, како и волонтерски ангажман од страна на учениците.