Фондот за иновации и технолошки развој континуирано одржува обуки и инфо настани со цел јакнење на капацитетите на потенцијалните апликанти за инструментите на поддршка на Фондот.

При спроведување на првиот повик за инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за новоосновани претпријатија старт ап и спин оф, идентификувани се неколку теми за кои апликантите имаат потреба од обука. Затоа, Фондот го покани г-дин Питер Моѓуроши (Унгарија), кој е и оперативен советник за работењето на Фондот, да одржи обуки на следните теми:

– анализа на ризици

– претставување на пазарен потенцијал

– финансиска проекција

– заштита на интелектуална сопственост.

Обуките ќе се одржат со следниов распоред:

09.09.2015 (среда) на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, со почеток во 10 часот.

10.09.2015 (четврток) во Општинската сала во Охрид, со почеток во 10 часот.

11.09.2015 (петок) во Сала на Советот на Општина во Битола, со почеток во 10 часот.

Обуката е наменета за микро, мали и средни претпријатија и установи кои вршат научно-истражувачка или високообразовна дејност, и студенти со иновативни идеи кои би биле заинтересирани за инструментите на Фондот.

Обуката ќе биде на англиски јазик.