13775521_418003828369917_4992813067483619178_n

Обука за Хоризонт 2020 за корисниците на грантови на ФИТР

На 18.07.2016 година во Центарот за дизајн и иновации со почеток од 10.00 часот, Фондот за иновации и технолошки развој организираше обука за можностите за финансирање преку програмата Хоризонт 2020 наменета за корисниците на грантови од првиот и вториот јавен повик. Целта на обуката беше да се запознаат корисниците на грантови со веќе успешни практики во подготовка и имплементација на проекти од оваа програма со што ќе се овозможи солидна основа за идни успешни проекти и мобилизација на средствата од оваа програма.

 

Повеќе информации на следниов линк:

http://play.mrt.com.mk/play/813