Врз основа на член 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл. весник на РМ бр. 27/2014 и 199/2014), а во согласност со член 22 и 23 од Законот за работните односи (Сл. весник на РМ бр. 62/2005, 106/2008,161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012,39/2012,13/2013, 25/2013, 170/2013,187/2013,113/2014, 20/2015,33/2015, 72/2015 и 129/2015) Фондот за иновации и технолошки развој објавува
ЈАВЕН ОГЛAС
за вработување на 2 (два) советници на определено време и тоа:

1. „Советник” во Одделение за правни работи, јавни набавки и архива во Сектор за општи и правни работи и финансии. Советникот врши работи поврзани со подготовка на одлуки, решенија, договори и други акти за потребите на Фондот, планирање, организирање и спроведување на постапки за јавни набавки, извршување на активности поврзани со човечки ресурси, мониторинг на спроведувањето на проектите на корисниците на инструментите за поддршка на Фондот од правен аспект, спроведување на теренска посета на претселектирани апликанти и други работи.
Основна нето плата: приближно 24.049 денари.
Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: најмалку Висока стручна спрема (VII/1) или 240 ЕКТС од областа на правни науки, економски науки или образование, работно искуство од најмалку 3 години во струката во областа на правото,економијата, финансии, јавни набавки, архивирање и/или канцелариско работење, активно познавање на англиски јазик и напредно ниво за работа со компјутерски пакет Microsoft Office.

2. „Советник” во Одделение за финансии и сметководство во Сектор за општи и правни работи и финансии. Советникот врши работи поврзани со: изработка на годишни финансиски извештаи и Финансиски план на Фондот и други извештаи по потреба, водење евиденција за исплатите на корисниците на инструментите за поддршка на Фондот во координација со Одделението за спроведување на програми, контрола, евидентирање и плаќање на примените фактури, договорни и други обврски и изготвување излезни фактури поврзани со фактурирање трошоци за плата, мониторинг на спроведувањето на проектите на корисниците на инструментите за поддршка на Фондот од финансиски аспект, спроведување на теренска посета на претселектираните апликанти и други работи.
Основна нето плата: приближно 24.049 денари.
Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: најмалку Висока стручна спрема (VII/1) или 240 ЕКТС од областа на економски науки, работно искуство од најмалку 3 години во струката во областа на економија, финансии, ревизија и/или сметководство, активно познавање на англиски јазик и напредно ниво за работа со компјутерски пакет Microsoft Office.

Сите кандидати ќе бидат тестирани за познавањето на англиски јазик.
Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, а во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 08:30 часот до 16.30 часот.

Сите објавени работни места се на определено време од 1 година, Со избраните кандидати ќе се скучи договор за вработување на определено време.

Рокот за доставување на пријавите со потребните докумемнти изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Потребни документи за аплицирање:

• мотивациско писмо (најмногу до 500 зборови). На почетокот на мотивациското писмо задолжително да се наведе работното место, одделението и секторот за кое аплицира кандидатот (доколку кандидатот аплицира за двете работни места, да се наведат и двете работни места за кои се аплицира, со соодветото одделение и сектор) и
• кратка биографија на македонски јазик.

Документите е потребно да бидат испратени на следната адреса:
Фонд за иновации и технолошки развој, бул. Гоце Делчев бб, зграда на МРТ, 20 кат 1000 Скопје, Република Македонија и/или на е-маил: info@fitr.mk
Краен рок за аплицирање е најдоцна до 10.12.2015 година.

Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Фондот за иновации и технолошки развој ќе се изврши во рок од 45 дена од денот на истекот на рокот за пријавување.
Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.

Се охрабруваат сите кандидати кои сметаат дека се способни, мотивирани за тимска работа и ги исполнуваат условите да аплицираат на овој oглас.

Напомена: Сите апликации ќе бидат внимателно разгледувани од страна на независна и стручна комисија. Кандидатите кои ги исполнуваат потребните услови и имаат уредна апликација ќе бидат контактирани.

Фонд за иновации и технолошки развој