Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи пречистен текст (Сл. весник на РМ 145/14 ) Фондот за иновации и технолошки развој распишува

ОГЛAС за следните 2 работни места:

1. Еден „Помошник раководител на сектор“ во Секторот за општи и правни работи и финансии. Помошник раководителот ја раководи работата на Секторот, се грижи за законитото работење и усогласеност со прописи на Фондот, координира активностите на Фондот поврзани со имотно правни односи, договорни обврски, јавни набавки, општи и правни работи, работни односи, архивско работење, финансии и сметководство за потребите на Фондот. Основна нето плата: приближно 31.310денари.

Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: најмалку Висока стручна спрема (VII/1) или 240 ЕКТС Правен факултет или Економски факултет; работно искуство од најмалку 4 години од кои 1 година во државната служба, или најмалку 6 години во струката во областа на правото; положен правосуден испит ќе се смета за предност; и активно познавање на англиски јазик, напредна работа со компјутер во Word и Excel.

2. Еден „Раководител на одделение“ во Одделението за финансии и сметководство во Секторот за општи и правни работи и финансии. Раководителот раководи со работата на одделението, изработува годишни и периодични финансиски извештаи на Фондот, одговорен e за процедурите на плаќања, изготвува квартални и годишни извештаи за искористеноста на средствата од заемот од Светска банка и за потребите на Министерство за финансии; подготвува буџети и работи на финансиско планирање на средствата на Фондот како и на сите сметководствени аспекти и внесување на сите трансакции во сметководствениот с-м на Фондот, го спроведува пописот и други работи.

Основна нето плата: приближно 28.282денари.

Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
најмалку Висока стручна спрема (VII/1) или 240 ЕКТС Економски факултет; работно искуство од најмалку 4 години од кои 1 година во државната служба, или најмалку 6 години во струката во областа на економија, финансии, ревизија и сметководство; поседување на лиценца за овластен сметководител е пожелно; и активно познавање на англиски јазик и напредно ниво за работа со компјутерски пакет Microsoft Office.

Кандидатите ќе бидат тестирани за познавањето на англиски јазик и со тест за знаење  поврзано со одговорноста на работното место на кое се пријавуваат.

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, а во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 08:30 часот до 16.30 часот. Сите објавени работни места се на неопределено време.

Потребни документи за аплицирање:

• мотивациско писмо (најмногу до 500 зборови). На почетокот на мотивациското писмо задолжително да се наведе работното место, одделението и секторот за кое аплицира кандидатот (доколку кандидатот аплицира за повеќе работни места, да се наведат сите работни места за кои се аплицира, со соодветните одделенија и сектори   и
• кратка биографија на македонски јазик.

Документите е потребно да бидат испратени на следната адреса:

Фонд за иновации и технолошки развој, бул. Гоце Делчев бб, зграда на МРТ, 20 кат  1000 Скопје, Република Македонија и/или на е-маил: info@fitr.mk

Краен рок за аплицирање е 11.02.2015 година.

Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.

Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Фондот за иновации и технолошки развој ќе се изврши во рок од 45 дена од денот на истекот на рокот за пријавување.

Се охрабруваат сите кандидати кои сметаат дека се способни, мотивирани за тимска работа и ги исполнуваат условите да аплицираат на овој oглас.

Напомена: Сите апликации ќе бидат внимателно разгледувани од страна на независна и стручна комисија. Кандидатите кои ги исполнуваат потребните услови и имаат уредна апликација ќе бидат контактирани.

Повеќе информации за дејноста на Фондот за иновации и технолошки развој може да се најдат на www.fitr.mk