Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со општина Гази Баба, организираa презентација за можности за финансирање на претпријатија на која присуствуваа претставници од микро, мали и средни претпријатија и претставници од факулетите, сместени на подрачјетона општината.

untitled

Присутните на оваа работилница ги поздрави градоначалникот Тони Трајковски и ја објасни потребата од организирање на вакви средби, со цел да им се помогне на претпријатијата во реализирањето на развојните проекти кои ги имаат и можноста за искористување на средствата од фондовите.

IMG_2120_opt
Директорката на Фондот, Јасмина Поповска го објасни начинот на функционирањето на Фондот за иновации и технолошки развој, кој има за цел промовирање и поттикнување на иновациска дејност, подобрување на пристапот до финансиски услуги за иновации, развивање на инфраструктура за иновации и технолошки развој и развој на партнерства помеѓу универзитетите, истражувачките центри и приватниот сектор во Република Македонија. Таа го истакна значењето на соработката помеѓу државата преставувана од Фондот и општините, бизнис заедницата и универзитетите, за непречно функционирање и развивање на националниот иновациски систем.

IMG_2098_opt

На настанот присуствуваа претставници на микро, мали и средни претпријатија, факултети и здруженија кои работат во општина Гази баба.