На 20.05.2014 г. во Општина Охрид беше одржана презентација на инструментите за финансирање на иновации и технолошки развој на Фондот за иновации и технолошки развој. На настанот присуствуваа претставници на локалните претпријатија и здруженија, претставници од Универзитетот Св. Апостол Павле, иноватори, и невработени лица заинтересирани за основање нов бизнис.

Ohrid-1_opt

Директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска подетално ги објасни можностите и условите за финансирање кои ги нуди Фондот, посебно истакнувајќи го потенцијалот за унапредување на соработката помеѓу приватниот сектор и универзитетите во насока на креирање заеднички проекти и поквалитетни апликации до Фондот.

Ohrid_opt

Со овој настан, на присутните им се претстави и основната цел на инструментите на Фондот – финансирање на креативни и иновативни решенија и употреба на напредни технологии за пробив на домашните и странските пазари, со што домашната економија би фатила чекор со развојот на глобалната економија.

Настанот беше организиран со поддршка и од локалната канцеларија на Стопанската комора на Македонија во Охрид.