FITR fb event cover predlog 1

Отворен повик: Аплицирајте и бидете дел од саемот за стартапи „Техноинвент 2016“

Техноинвент 2016 е програма во рамки на Технома, 42. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, чија што основна цел е иновациите да станат важна тема во деловата заедница и да се поттикне соработката меѓу етаблираните македонски компании и стартап заедницата.

На Техноинвент кој ќе се одржи во Метрополис Арената од 18-22 октомври, ќе има саем на стартапи со цел претставување на нивната дејност и промоција на иновативните решенија кои ги нудат на македонскиот пазар.

За таа цел ги повикуваме сите стартапи кои се заинтересирани да земат учество со цел промоција на својата дејност, производи и услуги.

Потребни информации за аплицирање:

– Назив на стартап компанијата

– датум на основање

– кратко резиме

– опис на иновативното решение (производ/услуга) која ја нудат на пазарот

– лого во векторски формат

Бидејќи останати се само 8 слободни места, потребните информации доставете ги на marko.georgievski@fitr.mk

За учеството на саемот, стартапите не плаќаат надомест бидејќи се поддржани од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и УНДП. 

*Повеќе информации за целиот настан можете да најдете на http://technoinvent.mk/