zeni inovatori

Отворен повик: „ЕУ награда за жени иноватори-2017 год.“

ЕУ ќе награди 4 жени претприемачи кои креирале иновација и ја пласирале на пазарот.

Европската комисија ја објави четвртата по ред награда на ЕУ за жени иноватори кои постигнале извонредни иновации и ги пласирале на пазарот. Наградата има за цел да ја подигне свеста за потребата од жени претприемачи  а воедно и да ги инспирира другите жени да ги следат нивните чекори.

Право на учество имаат жени од сите националности и возрасти што живеат во земја членка на ЕУ или земја кандидат за влез во ЕУ  и кои се основачи или ко-основачи на компанија со годишен обрт од најмалку € 100.000.

Прва награда – 100.000€

Втора награда – 50.000€

Трета награда – 30.000€

“Rising Innovator “ – 20.000 € наменета за жени претприемачи на возраст до 30 години.

Kраен рок за аплицирање: 3 ноември 2016 година.

Предлозите ќе бидат евалуирани и селектирани од  стручна  комисија на ЕУ и победниците ќе бидат објавени во март 2017 година.

Повеќе информации за наградата може да се најдат на веб страната www.ec.europa.eu/women-innovators