upshift_promocija_20-06-2018_6_1

Партнерство за социјално претприемништво на младите

Министерството за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ денес го претставија партнерството за социјално претприемништво наменето за младите. Преку UPSHIFT – програма што комбинира дел од водечките пристапи во развојот на младите и адолесцентите со најдобрите практики од приватниот сектор и со дизајн насочен кон потребите на луѓето – партнерството има за цел да ги поттикне младите луѓе преку развој на претприемачки решенија да одговорат на предизвиците во нивната заедница.

upshift_promocija_20-06-2018_2

„Социјалното претприемништво е од особена важност во обезбедување поддршка во областа на понатамошно вработување на младите, особено на оние од вулнерабилните групи ,“ рече г. Арбер Адеми, министер за образование и наука. „Неопходна е директна и што поголема вклученост на наставниците и учениците во програмата за социјално претприемништво. Така, ова е апел да ја искористат можноста што им се нуди за првпат.“

Програмата UPSHIFT комбинира работилници за социјални иновации со менторство, материјали и финансирање на мали грантови и опремување на младите со нови вештини. Програмата започнува со локален повик до млади на возраст од 13 до 19 години за да дизајнираат иновативни решенија за социјалните проблеми што ги идентификувале во нивната заедница. Комисија во состав од претставници од приватниот и јавниот сектор ќе ги одберат најдобрите идеи и тимовите под водство на ментор ќе учествуваат во design thinking работилници за да ги развијат своите идеи. Младите ќе имаат корист од програмата, но исто така и пошироката заедница ќе ги користи решенијата до кои ќе се дојде на работилниците.

upshift_promocija_20-06-2018_4

„Невронауката и психологијата покажуваат дека периодот на адолесценција е многу важен за развој на мозокот и тој период го одбележуваат емоционални искри, социјално вклучување, потрага по новитети и креативно истражување,” рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ “Кога на адолесцентите ќе им се даде можност да работат во група, кога со упорност ќерќе ги совладаат предизвиците, тие ја канализираат таа енергија и градат социјални и емотивни карактеристики како што се оптимизам, отворен ум, интегритет и етика на јавниот сервис.” 

УНИЦЕФ и Фондот за иновации и технолошки развој се согласија да го поддржат спроведувањето на три UPSHIFT циклуси во текот на наредните дванаесет месеци. Како дел од партнерството Фондот за иновации и технолошки развој ќе обезебеди мали грантови за секој од најдобрите тимови за да може да ги спроведе своите идеи.

upshift_promocija_20-06-2018_3

„Младите се нашиот фокус. Неодамна успешно го завршивме „Предизвикот за млади истражувачи“, а продолжуваме и со негувањето на различни програми за нив. UPSHIFT програмата е една од нив, со која Фондот за иновации и технолошки развој ги охрабрува младите да бидат лидери кои ја креираат промената, а од друга страна сакаме да дадеме шанса на генерациите кои можат да и дадат глобална перспектива на земјава,“ рече Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој. 

Еден од најважните аспекти на партнерството е одржливоста на програмата. Моделот за спроведување предвидува блиска соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието за да се создадат механизми за учество на адолесцентите во реформата на образованието. На некои од проблемите на адолесцентите ќе се одговори во рамките на орбазовниот сектор, искуствата од иновативните пристапи во наставата ќе бидат вклучени во програмите за професионална надградба на наставниците, а самата програма може да се прошири преку нејзин опфат во училишни предмети поврзани со претприемништво во наставната програма за иновации.