FullSizeRender1

Партнерство со ИКТ компаниите за раст и развој

Директорот на фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски беше говорник на вториот ден на МАСИТ – стопанска комора за информатички и комуникациски технологи, на панел дискусијата на тема: Како компаниите, образованието и државата да соработуваат со цел да ја поддржат иновативноста во македонските ИКТ компании?, , заедно со Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, Драган Чепујноски, претседател на собранието на МАСИТ, Мајкл Гоулд, помошник директор на Секторот за политики за млади, Северна Ирска, проф.д-р Боро Јакимовски, продекан на ФИНКИ, проф. д-р Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ и Горан Кубелка, технички директор на Неоком.

FullSizeRender2

Деспотовски го најави инвестирањето во технолошки парк во Скопје, проект кој ќе се реализира во партнерство со Министерството за информатичко општество и администрација. Во него ќе има и ИКТ аксцелератор за нови ИКТ компании и бизнис инкубатор.

На панел дискусијата директорот на Фондот за иновации и технолошки развој ги претстави можностите на институцијата и понуди партнерство на ИКТ индустријата:

FullSizeRender3

„Слабата искористеност на досегашните средства на Фондот остава можност за партнерски однос со ИКТ компаниите и другите динамични економски сектори за забрзан раст развој на пазарот“.

Заклучок од дводневната конференција на МАСИТ е дека мултидисциплинарната соработка на на академијата бизнисот и владиниот сектор, во правец на изнаоѓање и примена на иновации и технологии ќе предизвика забрзан раст на ИКТ секторот.