Fond_za_inovacii_logo_2

Пет компании добитници на средства на јавниот повик „О2 Предизвик“

Избрани се петте иновативни компании што понудија технолошки решенија за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Македонија кои аплицираа на јавниот повик ,,О2 Предизвик’’ од Фондот за иновации и технолошки развој.

Десет македонски компании што ја поминаа фазата на предселекцијата на јавниот повик за намалување на загадувањето во урбаните средини „О2 предизвик“, вчера во „Јавна соба“, јавно ги преставија нивните проекти пред стручна комисија. Презентираните проекти се однесуваа на трите области дефинирани во повикот како, користење на енергија за греење, транспорт и мобилност и градежништво и урбани алтернативи. А од нив комисијата за најдобри ги избра:

  • Еко Солар од Штип – наградена за нејзиното технолошко решение за изработка на соларен воздушен колектор со ротирачки келии кој го загрева воздухот со помош на сончева енергија и помага за догревање на просториите. Колекторот би служел како дополнување на постоечкиот ситем за греење. За ова решение тие побараа 1.722,753 денари.
  • Бизифај од Битола која ќе изработи течност од веќе постоечки полимери која има способност да ги апсорбира штетните ПМ 2,5 и ПМ 10 честитчки. Оваа течност ќе се користи за прскање на градежни површини и патишта. Буџетот за развој на овој производ е 1.890,000 денари.
  • Технолоџи парк од Тетово е добитник на средства за изработка на бизнис модел за инвестиции за замена на стари грејни системи во домаќинствата со нови. За таа цел, технолошкиот парк побара 1.492,804 денари.
  • Технобен Нова од Прилеп ќе биде субвенционирана за изработка на плочест топлиноразменувач со вграден Вентури апарат како интегрирана целина за прочистување на гасовите што се испуштаат од одредени индустриски објекти. За да го произведе тој уред, оваа фирма има потреба од 1.929,150 денари.
  • Венито Комерц од Кавадарци ќе биде поддржана за да развие електричен велосипед кој ќе биде приспособен за користење во градски средини, со вградени филтри за прочистување на воздухот, а истовремено фирмата ќе работи и на развивање на посебни станици за полнење на батериите во велосипедот. За да го развие овој проект, компанијата побара 1.683,430 денари.

Бидејќи побараните средства од страна на селектираните фирми го надминуваат вкупниот буџет предвиден од Фондот за овој повик за 50%, во тек се поединечни преговори со претставници на компаниите, а со цел прецизно утврдување на учеството на Фондот во финансирањето. Разликата од планираните и средствата што ќе се доделат ќе се покрие со дополнителни средства од Фондот.

Комисија: Јани Макрадули, претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање, Татјана Чакулев, претставник на О2 Коалиција за чист воздух, Тони Масевски, претставник на Град Скопје, Јасмина Белчовска Тасевска, претставник на Програмата за развој на обединетите нации – УНДП и Претседател на Комисијата за оценување и избор, Ана Чоловиќ Лешоска, член на невладината организација центар за истражување и информирање за животна средина „ЕКО свест“

Комисија: Јани Макрадули, претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање, Татјана Чакулев, претставник на О2 Коалиција за чист воздух, Тони Масевски, претставник на Град Скопје, Јасмина Белчовска Тасевска, претставник на Програмата за развој на обединетите нации – УНДП и Претседател на Комисијата за оценување и избор, Ана Чоловиќ Лешоска, член на невладината организација центар за истражување и информирање за животна средина „ЕКО свест“

Јавниот повик, што беше распишан на крајот на октомври 2017 година и траеше 25 дена, беше спроведен од страна на ФИТР, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и претставници на невладиниот сектор во областа и Град Скопје.