• Назив на проект: Vidict media server
  • Назив на корисник: Максолутион Нет
  • Износ на доделен грант: 29.207 евра
  • Почеток на проектот: 01.01.2016
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Перо Ѓузелов
  • Вебстрана: http://vidict.maksolution.net/

Резиме

Vidict media server е софтверско решение што ќе овозможи континуирано (streaming) гледање видео на интернет, со користењето на HLS (HTTP Live Streaming) протоколот. Решението се изработува во програмскиот јазик јава и истото всушност ќе биде изработено како краен продукт, каде идните потенцијални и заинтересирани клиенти ќе можат да го инсталираат на нивна страна. Стреаминг сервер е неизоставен дел од било која онлајн стриминг платформа (како на пример youtube.com, ustream.tv, livestream.com) и Vidict media server успешно ќе се вклопи во друштвото на стриминг софтверски решенија.

  • Назив на проект: Мобидониа, Генератор на мобилни апликации
  • Назив на корисник:  Мобидониа ДООЕЛ
  • Износ на доделен грант: 20.000 евра
  • Почеток на проектот: 01.01.2016
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Даниел Димов
  • Веб страна:  http://mobidonia.com

Резиме

Мобидониа е „направи сам” креатор на мајчини iPhone, iPad и Android апликации, а наскоро и на Windows Phone апликации. Главна предност на системот е тоа што клиентот за многу кратко време добива целосно функционална апликација. Воедно и пред да плати за истата, може да ја тестира на својот уред и целосно да ја визуелизира. Нудиме и препродавачки пакет, преку кој маркетинг агенциите и лица со добри деловни контакти ги препродаваат услугите на Мобидониа под нивен бренд.

  • Назив на проект: Тач’н’Тич
  • Назив на корисник: Вортехс Медиа Доо, Валандово
  • Износ на доделен грант: 21,089.35 евра
  • Почеток на проектот: 01.01.2016
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Стојанчо Китановиќ, Костадин Стојчев
  • Веб страна: Vmedia.mk

Резиме

Тач’н’Тич е иновативна едукативна мобилна апликација која за интеракција ќе користи наменски изработени физички плочки. Иновативноста на проектот е во технологијата за препознавање на физички објекти поставени на екранот осетлив на допир од мобилниот уред, какви што се таблет уредите и паметните телефони.

Апликацијата ќе се користи за едукација на деца од две до седум годишна возраст и е примарно наменета за образовни институции и дневни центри за згрижување на деца како и за крајни корисници.

  • Назив на проект: МОДУЛАР Арт Дизајн
  • Назив на корисник: МОДУЛАР Арт Дизајн
  • Износ на доделен грант: 30.000 евра
  • Почеток на проектот: 01.02.2016
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Нина Нинеска
  • Веб страна: Modular.mk

Резиме

Креативна заедница и продавница со можност за продажба и купување на уметнички и дизајнирани производи.
Целта на Модулар е да им помогне на македонските уметници, куратори, дизајнери, архитекти, галерии, коцептуални продавници и производители да ја зајакнат меѓусебната соработка, промоција, продажба, како и да ги претстават своите производи пред светот.

  • Назив на проект: GR8 Reviews
    Назив на корисник: Интерактив Гејминг ДООЕЛ
    Износ на доделен грант: 29.999 евра
    Почеток на проектот: 01.03.2016
    Времетраење: 12 месеци
    Проектен менаџер: Срѓан Петковски
  • Веб страна: http://gr8reviews.com 

Резиме

GR8 Reviews е платформа за рецензирање и рангирање на онлајн бизниси. Нашето решение е во состојба да ги рангира онлајн бизнисите, односно компаниите кои продаваат производи или услуги на Интернет.

GR8 Reviews им помога на корисниците да се информираат за репутацијата и рејтингот на одреден онлајн бизнис и како тој е рангиран во однос на неговите конкуренти.

Нашето инвовативно решение нуди рејтинзи на огромен број на компании поделени во повеќе од 300 категории, од компании за веб хостинг до компании за трансфер на пари.

  • Назив на проект: Проект “Кери”
  • Назив на корисник: Гордиан Системи ДОО
  • Износ на доделен грант: 29.700 евра
  • Почеток на проектот: 01.02.2016
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Тони Бачваровски
  • Веб страна: www.gordiantechnology.com

Резиме

Проектот “Кери” развива систем кој грижата за стари, изнемоштени и лица со попреченост ќе ја доведе на едно сосема ново ниво. Паметниот систем составен од сензори, комуникациски уреди и сервер за обработка на податоците ќе им овозможи на негователите навремено да реагираат при незгоди, како и долгорочно следење на навиките на згрижените лица и нивни промени. Производот ќе биде наменет за групни домови како и помала верзија за индивидуални семејни корисници. Долгорочното собирање на податоците и нивната автоматска анализа ќе придонесе за позитивни промени во негата со истовремено намалување на трошоците.

  • Назив на проект: Систем за мерење на време на спортски настани
  • Назив на корисник: Таг Тиминг
  • Износ на доделен грант: 28.119 евра
  • Почеток на проектот: 14.01.2016
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Кире Синадиновски
  • Веб страна: www.tagtiming.mk

Резиме

ТАГ ТИМИНГ е првата компанија која во Македонија воведува систем за мерење на време на спортски настани со помош на РФИД чипови. Овие услуги се нудат на организатори на масовни спортски настани, како улични трки, маратони, крос трки, велосипедски трки, и други слични манифестации од масовен карактер со што се подигнува нивото на манифестацијата бидејќи резултатите се веднаш достапни по завршување на трката. Нашите услуги се состојат во изнајмување на опрема за читање на РФИД чипови, набавка на стартни броеви со чипови и обработка на резултати, како и целосно организирање на спортски настани.

  • Назив на проект: Купувајте месо онлајн
  • Назив на корисник: Алиментос доо
  • Износ на доделен грант: 29.420 евра
  • Почеток на проектот: 01.01.2016
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Филип Нелковски
  • Веб страна: www.alimentosworld.com; www.alimentos.pro

Резиме

Алиментос ДОО е иновативна старт-ап компанија со главна дејност развој на десктоп и мобилна платформа која ќе ја зголеми трговската размена помеѓу корисниците. Алиментос ќе биде дизајнирана со цел да ги поврзе сите светски добавувачи и сите потенцијални клиенти низ целиот свет на едно место. Алиментос ќе биде продажната сила зад бизнисот со големопродажба на месо и непакувано месо. Ќе тргуваме главно со рефусни количини на говедско, свинско, телешко, јагнешко месо и месо од живина од водечки светски добавувачи- до клиенти низ целиот свет.
Со проценет број од 3-5 високо квалификуван деловен и технички персонал, Алиментос ќе биде систем кој би можел да ја промени индустријата преку дигитализација на трговскиот процес а со тоа- зголемување на нарачките.

  • Назив на проект: Фабула Табула мобилни едукативни игри
  • Назив на корисник: Фабула Табула ДОО
  • Износ на доделен грант: 30.000 евра
  • Почеток на проектот:1 февруари 2016
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Александар Убавков
  • Веб страна: во изработка

Резиме

Главна цел на проектот „Фабула Табула“ e развој и лансирање на платформа за едукативни игри на мобилни паметни уреди, наменети за деца на возраст 2-6 години. Игри кои се сакани од децата, а прифатени од родителите.
Фабула Табула цели кон освојување на пазарниот сегмент преку воведување на уникатен пристап – производство и дистрибуција на мобилни едукативни игри кои се забавни и истовремено влијаат позитивно врз развојот и образованието на децата. Тимот идентификуваше проблеми и потреби во пазарниот сегмент на бизнис дејствување.
Игрите на Фабула Табула нема да прикажуваат реклами на децата и ќе донесат вистинска едукативна вредност и задоволство кај родителите.

  • Назив на проект: Производство на фигури и скулптури од лед со користење на најсовремена 3Д технологија и развој на брзи прототипи
  • Назив на корисник: Ајс Технолоџи
  • Износ на доделен грант: 29.104,00 евра
  • Почеток на проектот: 01.03. 2016
  • Времетраење: 10 месеци
  • Проектен менаџер: Гоце Пешев

Резиме

Проектот Производство на фигури и скулптури од лед со користење на најсовремена 3Д технологија има за цел да понуди на пазарот во Македонија производи и услуги кои досега не биле присутни и да воведе нов иновативен начин на производство.
Иако звучи едноставно, потребно е да се иновира сосема нов пристап во изработката на ваков тип на производи: 3Д скулптури изработени од кристално чист лед.
Процесите на компанијата ќе бидат оптимизирани на доста високо ниво со користење на модерна 3Д технологија и на тоа се заснова вредноста која ќе се понуди до крајниот корисник.