• Назив на корисник: Био Инженеринг ДОО
  • Износ на доделен грант: 99,904.00 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2016
  • Времетраење: 18 месеци
  • Проектен менаџер: Иван Кунгуловски
  • Веб страна: www.bioengineering.mk

Резиме

Аеробната гранулирана активна тиња е нова ветувачка технологија која може да се примени во различни типови прочистителни станици за третман на комунални и индустриски отпадни води. Во споредба со повеќето од постоечките технологии за третман на отпадна вода, аеробната гранулирана активна тиња нуди висок квалитет на прочистена вода, ниски оперативни трошоци и висок еколошки ефект. Био Инженеринг Доо веќе има стекнато значајно искуство во примената на аеробните гранулирани процеси и врз основа на тоа искуство има намера да оформи истражувачки капацитет за развој на нови иновативни технологии на аеробниот граулиран процес кои понатаму ќе бидат аплицирани во прочистителни станици за третман на отпадни води на пазарот на локално и регионално ниво.
Целта на овој проект е оформување на истражувачки центар во кој ќе се воспостави и надгради нова технологија на аеробен гранулиран процес кој понатаму ќе се применува, како на новоизградени мали и средни индустриски и комунални системи за третман на отпадни води, така и за надградување на веќе постоечките средни и големи прочистителни станици. Новоформираната современа лабораторија ќе има потенцијал за пилот производство на нова генерација гранулирана активна тиња преку понатамошна оптимизација на веќе постоечкиот лабораториски процес за производство на аеробна гранулирана биомаса.

  • Назив на проект: ЕКГалерт
  • Назив на корисник: Иновејш дооел
  • Износ на доделен грант: 78.820 евра
  • Почеток на проектот: 01.01.2016
  • Времетраење: 24 месеци
  • Проектен менаџер: Проф. Д-р Марјан Гушев
  • Веб страна: www.innovation.com.mk

Резиме

Целта на овој проект е да се изгради систем за рано предупредување за срцев удар на лица со срцеви заболувања. Предвидува вградување на пренослив ЕКГ биосензор, поставување на податочен центар, развој на мобилна и веб апликација, и организирање на дежурна 24 часовна здравствена нега заснована на рано предупредување.
Мотивацијата доаѓа поради фактот дека најмалку секој втор жител починува од срцев удар. Дополнително, поради стресот и интензивниот живот, границата на лица со потенцијален ризик за срцев удар се спушта од лица над 65 години на лица над 40 години.

  • Назив на проект: АРЛОПУС – Синхроната музичка друштвена мрежа
  • Назив на корисник: НИ ТЕКНА ДООЕЛ Неготино
  • Износ на доделен грант: 100.000 евра
  • Почеток на проектот: 01.01.2016
  • Времетраење: 24 месеци
  • Проектен менаџер: Андреа Кулаков
  • Веб страна: www.arlopus.com

Резиме

Проектот вклучува развој и комерцијализација на систем заедно со мобилни апликации за разни оперативни системи што ќе овозможат на повеќе уреди да може синхроно (во исто време) да се слуша музика, што би звучело како да се уредите некој вид на оддалечени звучници и на тој начин обезбедувајќи засилено озвучување. Предноста на АРЛОПУС е што не се чувстува доцнење од еден до друг уред и уредите може да се синхронизираат сите одеднаш и однапред.
Со АРЛОПУС ќе може да се прават масовни настани (хепенинзи), на пример, во паркови, на плоштади, на стадиони и спортски сали, итн, и при разни промотивни кампањи.

  • Назив на проект: ЛИНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПРОЧИСТЕН ГРАНУЛАТ ОД ОТПАДНО СТАКЛО
  • Назив на корисник: ДПТУ АКРОН ДОО СКОПЈЕ
  • Износ на доделен грант: 100.000 евра
  • Почеток на проектот: 01.02.2016
  • Времетраење: 24 месеци
  • Проектен менаџер: Александар Пенев
  • Веб страна: www.akron.com.mk

Резиме

Проектот е за развој и изведба на производна линија за процесирање на стаклен отпад составена од единица за кршење на стакло, стаклени шишиња и тегли, единица за отстранување на нестаклени делови и единица за сепарација на стаклените гранули по димензија. На тој начин стаклениот отпад ќе биде погоден за реупотреба во различни индустрискии. Крајната цел е индустриска преработка на стаклен оптад (cullet). Со развој на оваа производна линија, Акрон ќе ја прошири својата сфера на делување. Оваа производна линија е основа за понатамошен развој и реализација на зацртаните цели.
Со ангажираните средства ќе се покриваат трошоци за ангажирана работна сила, обезбедување и адаптација на простор за развивање и инсталирање на производната линија, набавка на материјали, делови и полупроизводи и призводство на технолошката целина, придружна опрема како индустриска вага, компјутери и багер, како и трошоци за истражување на пазарот и патентирање.

Резултатот од овој проект ќе биде производна линија, која на стаклениот отпад ќе му обезбеди додадена вредност неопходна за економска исплатливост на неговиот пласман. Во исто време ќе влијае на еколошката свест за рециклирање, ќе ги намали количините на стаклен отпад кој завршува на депониите со што ќе даде значителен придонес кон зачувување на околината.

  • Назив на проект: Термо течна изолација
  • Назив на корисник: Металотехника ДОО
  • Износ на доделен грант: 60 000 евра
  • Почеток на проектот: 01.02.2016
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Кристијан Здравески
  • Веб страна: www.metalotehnika.mk

Резиме

Целта на проектот за термо течната изолацијa е да се постигне одредено ниво на заштеда на потрошувачката за енергија и зачувување на човековата околина. Производството на еден ваков производ е од големо значење за домаќинствата и во сите останати општествени и стопански гранки. Врвна нано-технологија која со сите карактеристики се усогласува со законот за енергетска ефикасност. Лесно нанесување на сите видови рамни и нерамни, достапни и недостапни површини без задолжителна заштита и подготовка. Заменува приближно 50мм од класичните изолации со само еден нанесен слој од 1-2мм дебелина на 1 м2. Лесна и ефтина примена во енергијата, го прави овој материјал супериорен во поглед на економичноста во однос на сите други изолациони материјали.

  • Назив на проект: Универзална модуларна машина за хоризонтално геолошко дупчење
  • Назив на корисник: ГЕОСОНД
  • Износ на доделен грант: 53.032,00 евра
  • Почеток на проектот: 01.02.2016.
  • Времетраење: 14 месеци
  • Проектен менаџер: Миле Шошевски
  • Веб страна: www.geosond.mk

Резиме

Целта на проектот е изработка на машина со која ќе се изведуваат хоризонтални микро тунели под земја, овозможувајќи да се поставуваат подземни инсталации (водовод, канализација, оптика, гасификација итн.) без ископ и отворен канал (ров). Машината е наменета да ги замени моменталните процеси на демолирање на улици, автопати, железници и премини врз кои се прават надградувања. Машината е особено корисна во урбани средини, каде заштитата на постојните објекти и динамиката на тековно функционирање се од особено значење. Иновативното решение се состои од комбинација на модули кои ќе може да изведуваат различни пречници и должини на дупнатини, при поставување на подземни инсталации.