• Назив на проект: Health eGuard
  • Назив на корисник: АНГОР АГ ДООЕЛ Струга
  • Износ на доделен грант: 19,938 евра
  • Почеток на проектот: 01.04.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Горан Гоџоски
  • Вебстрана: angorag.com1.mk

Резиме

HEALTH eGuard e интегриран систем за превентивно здравствено следење и заштита на пациенти од ризична група (рано откривање на кардиоваскуларни болести и дијабетес) кои немаат можност за редовни здравствени контроли и немаат лесен и брз пристап кон медицинска нега и помош (пр. мали места без медицинска установа, оддалечени планински села итн).

  • Назив на проект: Обработка на декоративни плочести матерјали
  • Назив на корисник:  Друштво за производство, трговија и услуги ТАФ ИНДУСТРИЕС ДООЕЛ увоз – извоз Гевгелија
  • Износ на доделен грант: 28,600 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Лазар Крстов
  • Веб страна: tafindustries.com

Резиме

Иновативна технологија која може да се употребува за разни типови на плочест матерјал кој ќе има широка примена во мебел и градежната индустрија. Во споредба со постоечките традиционални процеси, овај процес нуди висок квалитет на изглед на декорираната плоча, побрзо производство и капацитет, безбедно по животна средина, ниски оперативни трошоци.

  • Назив на проект: Апитоксин Органик Балкан
  • Назив на корисник: ОРГАНИК БАЛКАН ДООЕЛ увоз – извоз Велес
  • Износ на доделен грант: 29,847 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Томислав Рушков
  • Веб страна: organicbalkan.mk

Резиме

Изградба на капацитети за органско производство и дистрибуција на пчелин отров (Апитоксин).

  • Назив на проект: Интерактивна Табла
  • Назив на корисник: ИНТЕРАКТИВНА ИДНИНА ДООЕЛ увоз – извоз Кавадарци
  • Износ на доделен грант: 26,000 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Димитрија Ангелков
  • Веб страна: interactive-whiteboard.ml

Резиме

Се работи за лесно пренослива интерактивна табла кој користи висока технологија. Се одликува со едноставна монтажа, преносливост и висок степен на прецизност. Уредот за следење на дејството на учениците се поставува на сам проектор и се поврзува на компјутер преку стандарден USB порт. Со уредот може секоја табла да се трансформира во интерактивна табла. Оваа табла го заменува комплет компјутерското глувче и се користи на сите видови на проекциони подлоги (бела табла, зид, иверица во боја).

Системот се прилагодува на барањата на корисниците во зависност од условите на самата училница и позицијата на проекторот во просторијата, а изработен е и прототип на светлосен пиштол. Овој светлосен пиштол служи за управување на видео игра или апликацијата. Изработен е софистициран софтвер преку кој се следат сите настани на екранот и преку соодветни филтри се детектира движењето.

  • Назив на проект: ТаксиПулинг
  • Назив на корисник: Друштво за производство, трговија и услуги КЛАКСИ ДООЕЛ Скопје
  • Износ на доделен грант: 30,000 евра
  • Почеток на проектот: 01.04.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Бранко Трајковски
  • Веб страна: claxi.net

Резиме

Taxi Polling апликацијата претставува мобилна апликација и целосен позадински систем на такси возачи, која иницијално е развиена за македонскиот пазар, но со потенцијал за проширување на глобалниот пазар. Овој систем овозможува низа предности за крајните корисници – патниците и такси возачите. Концептот на кој се базира овој систем е споделување на такси возило помеѓу повеќе рандом патници кои се движат на приближно иста рута, што значи поделба на трошоците за нив, а зголемување на добивката за возачите. Основна цел на проектот е обезбедување поекономичен такси превоз за патниците, попрофитабилно работење на такси возачите како и намалување на бројот на возила во сообраќајот што би резултирало со помала емисија на издувни гасови.

  • Назив на проект: Bike Computer
  • Назив на корисник: ВИГО ДИГИТАЛ ДООЕЛ Кочани
  • Износ на доделен грант: 30,000 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Иван Ивановски
  • Веб страна: bikecomputer.co

Резиме

Развој на опција Keep me Safe опција на велосипедска апликација – Bike Computer. Keep me safe има за цел да испраќа итни SMS пораки со локација при евентуална несреќа на велосипедист.

  • Назив на проект: Биолуминисцентни бои за храна
  • Назив на корисник: ГЕНЛАЈТ ДООЕЛ Штип
  • Износ на доделен грант: 29,200 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Дино Атанасов
  • Веб страна: genlight.mk

Резиме

Истражување и развој на биолуминисцентни бои за храна. Целта на проектот е развивање на прототип што би претставувал рекомбинантен, биолуминисцентен протеин што е стабилен при различни температури и киселост. Генлајт ќе користи нов револуционерен процес за сепарација на биолуминисцентните протеини од генетски модифициран квасец, и ќе го продава во форма на прашок.

  • Назив на проект: Беспилотни летала (БПЛ) во инспекција на надземна електроенергетска мрежа
  • Назив на корисник: Друштво за тренинг, обуки и консалтинг ТАЛЕНТ БИЗНИС ИНКУБАТОР СТЕП-АП ДООЕЛ Скопје
  • Износ на доделен грант: 29,809 евра
  • Почеток на проектот: 01.04.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Дарко Петровски
  • Веб страна: stepup.com.mk

Резиме

Проектот се однесува на примената на беспилотните летала (БПЛ) опремени со термални камери во вршењето на инспекција и надзор на надземната преносна и дистрибутивна електроенергетска (ЕЕ) мрежа во Македонија и регионот, кој ќе придонесе кон усовршување на самиот процес на детектирање и лоцирање на потенцијални или веќе настанати дефекти, а со тоа и прекини во испораката со електрична енергија кон крајните корисници. Имајќи ја предвид неопходноста од континуирано и стабилно напонско ниво, особено кај индустриските корисници, предложеното решение овозможува подобар квалитет во напојувањето со електричната енергија, намален број на испади во електроенергетската мрежа, како и олеснување на одржувањето на самата мрежа од страна на електроенергетските компании кои имаат определени обврски при оперирањето со преносниот и
дистрибутибниот ЕЕ-систем.