• Назив на проект: Паметен водомер и систем за читање, мониторинг и контрола
  • Назив на корисник: Друштво за трговија, услуги и инженеринг СПИК ИНСА ДООЕЛ увоз – извоз Скопје
  • Износ на доделен грант: 69,845 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 24 месеци
  • Проектен менаџер: Маријан Которчевиќ
  • Вебстрана: spik-insa.com

Резиме

Се работи за иновација која се состои од паметен систем за целосно дигитално и автоматизирано читање на водомери како и следење на манипулации, протекувања, како и други технички аларми читање, мониторинг и контрола. Овој систем употребува сензори, користи дигитална комуникација, целосно е автоматизиран и се надгледува, кофигурира и контролира. Системот има целосна имплементација на AMI – Advanced Metering Infrastructure, т.е. „двосмерна комуникација“. Овој систем може да интегрира секакви водомери (припремени за далечинско, компактни, интегрирани водомери, итн.) од различни производители со помош на хардверски и софтверски дел коj се адаптира и им дава различни нивоа на прецизност.

  • Назив на проект: Optimal reinsurance management
  • Назив на корисник: Друштво за софтверски услуги и консалтинг ЕНТЕРПРАЈС СИСТЕМИ ДООЕЛ Скопје
  • Износ на доделен грант: 99,940 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 24 месеци
  • Проектен менаџер: Стефан Митески
  • Веб страна: systemsforenterprise.com

Резиме

Ентерпрајс системи развиваат софтвер за осигурување. Optimal Reinsurance Management (ORM) е револуционерен софтвер кој преку оптимизирање на реосигурителните процеси и софистицирани математички алатки за предвидување на идни загуби ќе им заштеди време и пари на осигурителните компании. ORM има вградени алгоритми за предвидување кои ја надминуваат модерната софистицираност.

Интелегентно го скенира портфолиото на ризици и гради состав од оптимални договори за реосигурување кои генерираат заштеда од повеќе од 1% од приходите на осигурителот. ORM истотака содржи модул за менаџмент на реосигурувањето каде што сите процеси се автоматизирани.ORM е заснован на докторска дисертација произлезена од 10 годишно истражување кое вклучува реални осигурителни податоци.

  • Назив на проект: Соларна сушара со селективна боја
  • Назив на корисник: Друштво за производство, трговија и услуги ЕКОСОЛАР ДООЕЛ Штип
  • Износ на доделен грант: 62,421 евра
  • Почеток на проектот: 01.04.2018
  • Времетраење: 24 месеци
  • Проектен менаџер: Зоран Трајков
  • Веб страна: solar.mk

Резиме

Проектот се состои од производство и продажба на мали и средни соларни сушари.Со новиот производ, преку контролиран процес ќе можат да се исушат одредени земјоделски производи. Ќе се намали фрлањето на свежите земјоделски производи, кои останале непродадени или не биле преработени преку конзервирање или замрзнување. Соларна сушара во најголем дел ќе ја користи соларната енергија за процесот на сушење. Процесот ќе биде поефтин, нема да се загадува околната и нема да се користи нафта.

  • Назив на проект: Good Deal GPS
  • Назив на корисник: Друштво за производство, трговија и услуги БРАНСИС ДООЕЛ увоз – извоз Скопје
  • Износ на доделен грант: 100,000 евра
  • Почеток на проектот: 01.04.2018
  • Времетраење: 24 месеци
  • Проектен менаџер: Дејан Гавазов
  • Веб страна: bransys.com

Резиме

Овој проект претставува автоматизирање на процесот на евиденција на записи на превозниците. Со овој програм целосно се елиминираат досегашните хартиени записи за евиденција, и истите се заменуваат со електронски записи дефинирани според законската регулатива на американскиот пазар. Со овие електронски записи се намалува времето за административни обврски на возачите, со што тие можат да се фокусираат на нивната работа целосно. Исто така, со внесувањето на оваа иновација во процесот на евиденција на записи се овозможува добивање на известувања за да се избегнат активности кои би се сметале за прекршоци. На пример, доколку возачот активно вози подолг период, добива потсетник за пауза согласно со регулативите, со што истовремено се подобрува и сообраќајната култура и се избегнуваат несакани настани кои можат да бидат последица на замор. Иновативноста на ова решение е потврдена и со опцијата за искористување на податоците кои се генерираат од истото во програмско решение за самостојни возила.

„Good Deal GPS“ проектот претставува иновација на процес на евидентирање на записи. Иновацискиот проект се наоѓа во фаза на првични тестирања. Со средствата од проектот е предвидено да се направат финални верзии за Андоид и ИОС и веб апликации (во моментот постојат иницијални), изработка на хардвер кој би се сертифицирал за американски пазар како и трошоци за промоција и продажни кампањи.

  • Назив на проект: Развој на интелигентни лежечки полицајци
  • Назив на корисник: Друштво за трговија, производство и услуги СТСС – СМАРТ ТРАФИК СЕЈФТИ СИСТЕМС ДООЕЛ Скопје
  • Износ на доделен грант: 99,755 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 24 месеци
  • Проектен менаџер: Виктор Настев
  • Веб страна: smartbumps.com

Резиме

Се работи за постоечки корисник и добитник на грант од првиот повик на ФИТР (Паметни лежечки полицајци).

Интелигентните лежечки полицајци користат сопствена технологија која прво ја мери брзината на возилото непосредно пред нив, и ако е поголема од дозволената го подига лежечкиот полицаец и го ‘удира‘ возилото како што би направил и традиционалниот лежечки полицаец. Меѓутоа, ако возачот вози под дозволената брзина, лежечкиот полицаец е на ниво на патот и поминувањето над него е глатко. Целта на проектет е постоечкиот прототип кој е развиван и усовршуван во минатата година да се претвори во производ кој ќе биде прилагоден за економично сериско производство, што ќе го направи достапен на што е можно поголем број на корисници.
.

  • Назив на проект: Производи од полжави за здравје и убавина
  • Назив на корисник: Агро-линк Друштво за вработување на инвалидизирани лица во земјоделие
  • Износ на доделен грант: 100,000 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 24 месеци
  • Проектен менаџер: Тодор Бондиков
  • Веб страна: agrolink.mk

Резиме

Конзорциум составен од Агролинк, Фармацевтски факултет и Фитофарм. Проектот има за цел развој на нови производи (козметички и фармацевтски) кои базираат на користење на елементите на полжавите (месо, јајца,слуз и куќарка).

  • Назив на проект: Пазарна комерцијализација на производот „Продаваме месо онлајн“
  • Назив на корисник: Друштво за компјутерско програмирање АЛИМЕНТОС ДОО Скопје
  • Износ на доделен грант: 48,552 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 24 месеци
  • Проектен менаџер: Филип Нелковски
  • Веб страна: alimentosworld.com

Резиме

Се работи за постоечки корисник и добитник на грант од вториот повик на ФИТР (Развој на софтвер за online платформа за тргување со месо).

Овој проект всушност претсавува продолжение на првичниот проект каде што се планира најголем дел од средствата да бидат насочени за промоција на производот преку: социјалните медиуми, специјализирани настани, саеми и др облици на промоција.