• Назив на акцелератор: СЕДЦ акцелератор
  • Назив на корисник:  СЕАВУС ЕДУКАТИВЕН И РАЗВОЕН ЦЕНТАР
  • Износ на доделен грант: 494.970,00 евра
  • Почеток на проектот: 01.2019
  • Времетраење: 36 месеци
  • Вебстрана: sedc.mk

Резиме

SEDC е прв корпоративен Акселератор кој има за цел да создаде средина која го стимулира и го поттикнува развојот на новите бизниси во сите развојни фази и да обезбеди континуирана високо квалитетна акцелерација и инвестициска поддршка за стартап шампиони преку систематизирање, интегрирање и подобрување на сите активности поврзани со инвестициите и акцелерацијата и напорите на ниво на SEAVUS Групација. Си тоа македонските стартапи добиваат можност од едно место да добијат повеќе услуги а кои се однесуваат на почетната фаза на развој на продуктот и бизнисот, подготовка за seed инвестирање и последователна поддршка во пристап до странските пазари преку развиената мрежа на корпоративните клиенти на SEAVUS. Уникатноста на SEDC Accelerator е во јасниот пазар и бизнис оправданост зад акцелераторот на бизнисот и технологијата, односно: „Заедничко растење преку заедничко иновирање“ и моделот на отворени иновации за воведување на иновации во корпорацијата SEAVUS и неговите корпоративни клиенти преку соработка со македонски стартапи.

  • Назив на акцелератор: ДЕЛОВНО-ТЕХНОЛОШКИ АКЦЕЛЕРАТОР УКИМ ДОО Скопје
  • Износ на доделен грант: 499.999,50 евра
  • Почеток на проектот: 01.12.2018
  • Времетраење: 36 месеци
  • Вебстрана: accelerator.ukim.mk

Резиме

Деловно – технолошкиот акцелератор УКИМ Доо Скопје, e основан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје како водечки партнер; Развојната фондација Кримсон Скопје; Центарот за развој на претприемачи и менаџери -ЦЕЕД Хаб Скопје; Фондација „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ и РСМ.

Содружниците ги соединува следниве клучни елементи: 1) Разновидност; 2) Пристап до инфраструктура за знаење и технологија; 3) Менторство; 4) Истражување и развој; 5) Вмрежување и 6) Пристап до финансии (до 25,000 евра за почетни инвестиции и до 75,000 евра за последователни инвестиции по стартап компанија).

Основачките партнери имаат исклучителна национална и меѓународна експертиза во областите клучни за развојот на еден успешен и одржлив деловно – технолошки акцелератор: развој на фундаментални и применети проекти за истражување; развој на мали и средни претпријатија, стартапи и претприемништво; финансирање на претпријатија и стартапи од рана фаза; техничка експертиза и деловни вештини коишто може да се применат на корисниците на новооснованиот акцелератор.

Мисијата на основачите е Акцелераторот УКИМ да ги спои академските знаења и истражувања со висок бизнис потенцијал, со исклучителни претприемачи. Акцелераторот УКИМ се обврзува дека ќе ја промовира соработката меѓу универзитетите и индустријата, трансферот на технологии, развојот на бизнисот и промовирање на спин-оф компаниите.

Седиштето и административната канцеларија на Акцелераторот УКИМ ќе биде во просториите на технолошкиот кампус при Центарот за трансфер на технологии — ИНОФЕИТ, како и во други објекти на УКИМ и ЦЕЕД Хаб Скопје, врз основа на видот на активност. За развојот на технологијата (R & D), сите лаборатории на УКИМ ќе бидат на располагање на стартапите кои ќе учествуваат во акцелераторските програми.

Акцелераторот УКИМ ќе цели кон потенцијални сектори со висок раст, како што се (но, не ограничувајќи се исклучиво на) дистрибуирани вмрежени системи базирани на концептот на big data, интелигентни околини, вештачка интелигенција, дигитални технологии, обновлива енергија / зелена технологија, паметни решенија за автомобилската индустрија и иновативни ИКТ услуги.

  • Назив на акцелератор: X Factor Aкцелератор Велес
  • Износ на доделен грант: 450.000,00 евра
  • Почеток на проектот: 03.12.2018
  • Времетраење: 30 месеци
  • Вебстрана: xfacc.mk

Резиме

X Factor aкцелераторот e првиот и единствен бизнис акцелератор во Велес, како еден од поголемите регионални центри од внатрешноста, со мисија: “да бидe водечки акцелератор во регионот и пошироко, чии главни активности произлегуваат пред сè од инвестирањето во атрактивни стартап проекти.”

Тој е основан од четворица партнери, поединци со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси, а е лоциран во строгиот центар на Велес, во деловни канцеларии опремени за потребите на неговите корисници.

Проектните активности се поделени во неколку фази, при што првите месеци се предвидени за воспоставување на акцелераторот. Потоа следуваат два инвестициски циклуси, во кои се очекува, со почетни инвестиции да се финансираат најмалку 10 стартапи, а оние, со најголем потенцијал за раст, ќе се финансираат со дополнителни средства и во фазата на понатамошни инвестиции.

При тоа, покрај предвидените средства за инвестиции (од коишто 25% се влог на основачите на акцелераторот), доколку произлезе потреба за дополнителни финансии, истите ќе се обезбедат и од останати надворешни инвеститори. За таа цел, паралелно со сите проектни активности ќе се организираат и настани за вмрежување на претприемачките тимови со заинтересирани бизнис ангели, а во партнерство со општините од регионот, ќе се настојува да се привлече вниманието и на големиот број иселеници, кои ќе имаат шанса, на едно место да пронајдат атрактивни бизнис можности за инвестирање.

За потребите на корисниците ќе се креира интензивна тримесечна акцелераторска програма, во која ќе бидат опфатени теми кои се однесуваат на сите аспекти за успешен раст и развој на бизнисот – алатки за истражување на пазар, сегментација на клиенти, анализа на конкуренција, иновациски менаџмент, развој на производ, маркетинг и продажба, развој на тимови, финансии, развој на бизнис – моделот, стратегија за влез на пазарот, проектен менаџмент и сл. При тоа, програмата ќе се прилагоди согласно специфичните потреби на секој од тимовите, а како техники кои ќе се применат при нејзината испорака ќе бидат застапени: тренинзи, менторски пристап, директни средби и сл.

Основен критериум за влез во акцелераторската програма ќе биде процената на атрактивноста и потенцијалот за раст на стартапите. Покрај тоа, ќе се цени и степенот на иновативност на планираниот бизнис-проект, капацитетот на тимот на апликантот и слично, при што, покрај новоосновани бизниси кои се во почетна фаза од развојот, шанса за влез ќе имаат и тимови на млади претприемачи, чии бизнис-проекти се наоѓаат во т.н. пред-стартап фаза, или истите се’уште се на ниво на идеи, за кои ќе се процени дека имаат сериозен потенцијал да се развијат во профитабилни бизниси.