• Назив на проект: Соларен воздушен колектор со ротирачки келии
  • Назив на корисник: Друштво за производство, трговија и услуги ЕКОСОЛАР ДООЕЛ Штип
  • Износ на доделен грант: 1.313.011,00 денари
  • Почеток на проектот: 01.04.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Зоран Трајков
  • Вебстрана: solar.mk

Резиме

Технолошко решение за изработка на соларен воздушен колектор со ротирачки келии кој го загрева воздухот со помош на сончева енергија и помага за догревање на просториите. Колекторот би служел како дополнување на постоечкиот систем за греење.

  • Назив на проект: Tech4O2 – Technology For Oxygen
  • Назив на корисник: Друштво за услуги ТЕХНОЛОЏИ ПАРК ДОО Тетово
  • Износ на доделен грант: 1.360.184,00 денари
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Артан Љума
  • Веб страна: techpark.seeu.edu.mk

Резиме

Бизнис модел за инвестиции за замена на стари грејни системи во домаќинствата со нови.

  • Назив на проект: Даст оф
  • Назив на корисник: Друштво за услуги, трговија и производство БИЗИФАЈ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје
  • Износ на доделен грант: 1.593.000,00 денари
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 11 месеци
  • Проектен менаџер: Никола Танчевски

Резиме

Течност од веќе постоечки полимери која има способност да ги апсорбира штетните ПМ 2,5 и ПМ 10 честички. Оваа течност ќе се користи за прскање на градежни површини и патишта.

  • Назив на проект: Компактен скрабер „VA&PT“
  • Назив на корисник: Друштво за производство, услуги и трговија ТЕХНОБЕН НОВА увоз-извоз ДОО Прилеп
  • Износ на доделен грант: 1.792.900,00 денари
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Благојче Крстески
  • Веб страна: tehnoben.mk

Резиме

Плочест топлиноразменувач со вграден Вентури апарат како интегрирана целина за прочистување на гасовите што се испуштаат од одредени индустриски објекти.

  • Назив на проект: ГЕТ велосипед
  • Назив на корисник: Друштво за производство, трговија и услуги ВЕНИТО-КОМЕРЦ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци
  • Износ на доделен грант: 1.652.602,00 денари
  • Почеток на проектот: 01.03.2018
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Тошко Ристов
  • Веб страна: venito.mk

Резиме

Електричен велосипед кој ќе биде приспособен за користење во градски средини, со вградени филтри за прочистување на воздухот, а истовремено фирмата ќе работи и на развивање на посебни станици за полнење на батериите во велосипедот.