• Назив на проект: Сите сити- национален систем за донирање на храна
  • Назив на корисник: Асоцијација за чиста животна средина „Ајде Македонија“- Скопје
  • Износ на доделен грант: 1.799.955,00 денари
  • Времетраење: 12 месеци
  • Вебстрана: ajdemakedonija.mk

Резиме

Проектот предвидува пилотирање и изработка на предлог модел за искористување на вишоците на храна на национално ниво со цел за обезбедување на нутритивни оброци за поголеми и различни категории на граѓани. Со предложениот модел ќе се обезбедува храна за 3-4 пати повеќе граѓани отколку до сега. Со овој модел (решение) ќе се даде предлог за реконструкција на постоечкиот модел на Народни кујни и ќе бидат максимално искористени постоечките потенцијали на различни организации: бизниси, граѓански организации и волонтери.

Активностите опфаќаат: создавање на прирачник за безбедна употреба на вишоците на храна, определување на нутритивните вредности на храната, идентификување на донатори и граѓански организации кои ќе учествуваат во процесот, подготовка и надоградба на постоечката веб платформа, кост бенефит анализа, кампања за подигање нa свеста и наградување на општествено одговорни бизниси, учество во прочистување на регистарот на социјално загрозени граѓани, изработка на предлог национален модел за распределба на вишоците на храна.