• Назив на проект: Автоматски регулатор електричен мерач на водостој по систем капка по капка
  • Училиште:  ООУ Дедо Иљо Малешевски – Берово
  • Износ на награда: 135,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Септември 2018 год.
  • Времетраење: 12 месеци
  • Ментор: Наташа Аврамска

Резиме

Изработка и поставување на автоматски регулатор електричен мерач на водостојот и автоматско прихранување во системот капка по капка со намера да ја открие практичната вредност на природните појави преку аналитичко проучување на физичките, хемиските и природните појави од една страна и синтетизирајќи ги взаемните врски на истите од друга страна.

  • Назив на проект: Изработка на хидропонична градина
  • Училиште:  ООУ Крсте Мисирков – Куманово
  • Износ на награда: 177,580.00 денари
  • Почеток на проектот: Септември 2018 год.
  • Времетраење: 6-12 месеци
  • Ментор: Бобан Поповски

Резиме

Конструкција на хидропоничен систем (PVC цевки со хранлив раствор, водена пумпа, светлина со тајмер за постојано осветлување, растенија во хидратон глинени пелети) преку кој учениците и наставниците се запознаваат со поинаков начин на одгледување. Се добива целосен преглед на растението од неговиот корен до неговите стебла, листови и цветови.

  • Назив на проект: Компостирање-постапка, услов и едукација во природните науки за користење на отпадот за добивање на ѓубриво за растенијата
  • Училиште:  ООУ Браќа Миладиновци – Пробиштип
  • Износ на награда: 215,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Октомври 2018 год.
  • Времетраење: 6-12 месеци
  • Ментор: Александар Михајловски

Резиме

Компостирање: промовирање на идејата на био-отпад, компостирање со еко-компост за заштита на животната средина преку намалување на отпадот и негово повторно искористување, непосредна едукација на 250 ученици и обезбедување на иновативни решенија кои ќе придонесат за практично изучување на составот, улогата и примената на овој био-отпад и непосредна интеграција на проектот со изучување на наставните програми од природните науки од 1 (прво) до 9 (девето) одделение.

  • Назив на проект: Економична инкубација на јајца од загрозени видови на птици
  • Училиште:  ООУ Крсте Петков Мисирков – Радовиш
  • Износ на награда: 300,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Декември 2018 год.
  • Времетраење: 6-12 месеци
  • Ментор: Блаже Ангелов

Резиме

Изработка на инкубатор за јајца кој ќе овозможи евтина инкубација на јајца од домашни и украсни птици.

  • Назив на проект: Со природни ресурси до еколошки здрава животна средина
  • Училиште:  ООУ Манчу Матак – Кривогаштани
  • Износ на награда: 60.050,00 денари
  • Почеток на проектот: Октомври 2018 год.
  • Времетраење: 6 месеци
  • Ментор: Ленче Сркески

Резиме

Изработка на прототип на пречистителна станица со хидросистем кој ќе ја прочистува водата.

  • Назив на проект: Фарма на ветерници
  • Училиште:  ООУ Климент Охридски – Прилеп
  • Износ на награда: 145.761,00 денари
  • Почеток на проектот: Октомври 2018 год.
  • Времетраење: 3-6 месеци
  • Ментор: Зоран Сребреноски

Резиме

Поставувањето турбини на ветер во регионот на Мариово, на одредени коти со претходно испитувана сила на движење на ветрот, е доволно голем предизвик со цел да се обезбеди доволно обновлива енергија за враќање на животот во еколошкиот рај во Северна Македонија, но притоа да се зачува животната средина во целост.

  • Назив на проект: Квалитетот на воздухот во мојата училница
  • Училиште:  ООУ Стив Наумов – Битола
  • Износ на награда: 229,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Септември 2018 год.
  • Времетраење: 6-12 месеци
  • Ментор: Марина Јанеска

Резиме

Проверка на квалитетот на воздухот во училниците со поставување на сензори-мерачи кои ќе ја мерат влажноста, температурата и присуството на јаглерод диоксид во воздухот.

  • Назив на проект: ИоТ Аквапоничен рециклирачки систем
  • Училиште:  ООУ Лазо Ангеловски – Скопје
  • Износ на награда: 299,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Октомври 2018 год.
  • Времетраење: 6-12 месеци
  • Ментор: Цветанка Малческа

Резиме

Изработка на Аквапоничниот рециклирачки систем кој е идеaлен за одгледување на две различни култури, т.е. еден вака затворен систем овозможува во исто време одгледување на риби и растенија, а во исто време да произведува свежа вода. Од целиот систем се исклучени пестицидите и други хемикалии, па затоа ваквиот начин на одгледување и производство на храна е целосно органски и не ја загадува животната средина и не влијае лошо на здравјето на луѓето. Системот, т.е. аквариум и стаклена градина ќе бидат управувани со најмодерните ИТ технологии базирани на Ардуино платформата и IoT концептот.

  • Назив на проект: Стаклена градина
  • Училиште:  ООУ Вера Циривири Трена – Скопје
  • Износ на награда: 263,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Септември 2018 год.
  • Времетраење: 6-12 месеци
  • Ментор: Дивна Карапанчева

Резиме

Реализација и проширување на веќе постоечка стаклената градина (односно да ги промениме условите во неа) и да видиме какво влијание таа има врз растењето на хибридните растенија (увозните) и растенијата кои што се од нашето подрачје. Целта е да ги обезбедиме условите во нашата стаклена градина (во која се одгледуваа само растенија од нашето подрачје -автохтони) и да ја претвориме во градинна која што ќе ги застапува условите и за развој на хибридните растенија преку целата година.

  • Назив на проект: Нашата идеја и македонско тавче гравче во комбинација се предизвик за нова иновација
  • Училиште:  ООУ Димитар Миладинов – Скопје
  • Износ на награда: 61,515.00 денари
  • Почеток на проектот: Септември 2018 год.
  • Времетраење: 6-12 месеци
  • Ментор: Ирена Пешевска

Резиме

Проект од одделенска настава кој овозможува истражување на водата за наводнување т.е. како таа влијае на растенијата и плодовите. Течностите кои остануваат при индустриска обработка на овошјето и зеленчукот доколку се користат за наводнување, ќе можат да влијаат на промената на изгледот на органите на растението и на бојата на нивниот плод.

  • Назив на проект: Антибактериска активност на екстракт од лук на слоеви на Staphylococcus aureus изолирани од кожата на децата од училишна возраст
  • Училиште:  ООУ Петар Поп Арсов – Скопје
  • Износ на награда: 106,887.00 денари
  • Почеток на проектот: Септември 2018 год.
  • Времетраење: 12 месеци
  • Ментор: Олгица Бајалџиева

Резиме

Проектот врши истражување како екстракт од лук дејствува врз слоеви на Staphylococcus aureus изолирани од кожата на деца на возраст од 13-15 години.

  • Назив на проект: Отпорност на градинарските култури на кисели дождови
  • Училиште:  ООУ Мирче Ацев – Скопје
  • Износ на награда: 115,600.00 денари
  • Почеток на проектот: Октомври 2018 год.
  • Времетраење: 12 месеци
  • Ментор: Гордана Насковска

Резиме

Појавата на киселите дождови како глобален проблем и нивно решавање на локално ниво, воедно и истражување за степенот на отпорност на најчесто консумираните рано градинарските култури кон киселите дождови.

  • Назив на проект: Изработка на дрон
  • Училиште:  СУГС Георги Димитров
  • Износ на награда: 254,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Ноември 2018 год.
  • Времетраење: 6 месеци
  • Ментор: Гордана Николовска

Резиме

Изработка на дрон за прскање на инфицирани шуми кои се тешко достапни. Изработката на дронот ќе биде од корист на шумарството и земјоделието, воедно и на сите зашто неговата мисија е спасување на шумите.

  • Назив на проект: Намалување на штетното влијание на јаглерод диоксидот со користење на еколошки филтер на издувните гасови кај автомобилите
  • Училиште:  СОУУД Димитар Влахов – Струмица
  • Износ на награда: 171,805,00 денари
  • Почеток на проектот: Октомври 2018 год.
  • Времетраење: 6-12 месеци
  • Ментор: Јасминка Цамбулева

Резиме

Примарната цел на овој проект е да се докаже присуството и влијанието на еден од стаклечките гасови-CO2 (јаглерод диоксид) во атмосферата, а потоа доследно да се дефинираат превентивни мерки, односно дефинирање на клучни активности –користење на еколошки филтер од супстанцијата зеолит кај ауспухот на автомобилите за намалувањето на влијанието на еден од издувните гасови CO2 (јаглерод диоксид).

  • Назив на проект: Систем за детекција на гасови во воздух во работни простори
  • Училиште:  Приватно средно училиште „Саба“ – Скопје
  • Износ на награда: 289.000,00 денари
  • Почеток на проектот: Септември 2018 год.
  • Времетраење: 3-6 месеци
  • Ментор: Зоран Крстевски

Резиме

Со овој проект ќе се креира систем за детекција, анализа и следење на присуството на штетните гасови во воздухот во работни простории. Двајца наставници (ментори) и пет ученици до училиштето САБА, шест месеци ќе работат на истражување, анализи, собирање информации, креирање на системот, поврзување на хардверските компоненти и сензори и тестирање на нивната функционалност, креирање на софтвер за исчитување, анализира и прикажување на податоците од мерењата на сензорите, изработка на веб модул за претставување на добиените податоци од мерењата на сензорите, како и дисеминација на резултатите добиени од овој проект. Креираниот систем ќе биде наменет за примена во внатрешна средина (работна просторија), но може да се инсталира и во отворен простор како мерна станица. Системот преку соодветни сензори ќе го мери присуството на штетни гасови со просторијата и доколку регистрира повисоко ниво на загаденост тогаш микроконтролерот (кој ги прибира и анализира податоците) ќе сигнализира и автоматски ќе ги вклучува системите за сигнализација или вентилација на воздухот во просториите. Целта е да се обезбеди поквалитетен воздух во просториите во кои луѓето поминуваат повеќе часови во текот на денот.

  • Назив на проект: 3Д технологиите, предизвик на денешницата и неопходност на иднината
  • Училиште:  СОТУ Ѓорги Наумов – Битола
  • Износ на награда: 250,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Септември 2018 год.
  • Времетраење: 6-12 месеци
  • Ментор: Илче Ацевски

Резиме

  • Назив на проект: Фотоволтаична централа
  • Училиште:  СЕТУГС Михајло Пупин
  • Износ на награда: 270,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Октомври 2018 год.
  • Времетраење: 12 месеци
  • Ментор: Ефтим Пејовски

Резиме

Основната идеја на проектот е да се произведе електрична енергија од обновлив извор, односно да се изгради мала фотоволтаична централа. За таа цел на покривот на училиштето ќе се инсталираат ФВ панели, а во најфреквентниот дел на училиштето ќе се постави опремата за мониторинг на работата на ФВ централа.

  • Назив на проект: Фотоволтаична централа
  • Училиште:  СЕТУГС Михајло Пупин
  • Износ на награда: 270,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Октомври 2018 год.
  • Времетраење: 12 месеци
  • Ментор: Ефтим Пејовски

Резиме

Основната идеја на проектот е да се произведе електрична енергија од обновлив извор, односно да се изгради мала фотоволтаична централа. За таа цел на покривот на училиштето ќе се инсталираат ФВ панели, а во најфреквентниот дел на училиштето ќе се постави опремата за мониторинг на работата на ФВ централа.

  • Назив на проект: Green Air – Засадување на растенија во училницата кои ќе служат како природни прочистувачи на воздухот
  • Училиште:  СУГС Гимназија Раде Јовчевски Корчагин
  • Износ на награда: 294,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Октомври 2018 год.
  • Времетраење: 6 месеци
  • Ментор: Јордан Лукаревски

Резиме

Целта на проектот е да постигнеме почист воздух во внатрешните простории со поставување на растенија во секоја просторија каде што го поминуваме поголемиот дел од нашето време. Преку претходни анализи и истражувања учениците дошле до сознание за одредени растенија (како на пример: алое вера, зелен лилјан, сансеверија,фикус, лилјан на мирот, хризантема, златен ползавец, домашен папрат, англиски бршлен, бамбус палма, филодендрон, драцена) кои го прочистуваат воздухот седум пати подобро од обичните филтри.

  • Назив на проект: Индиго Росе – вид на црн патлиџан кој се одгледува во регионот на Струмица
  • Училиште:  СОУУД Димитар Влахов – Струмица
  • Износ на награда: 225,000.00 денари
  • Почеток на проектот: Октомври 2018 год.
  • Времетраење: 6-12 месеци
  • Ментор: Јасминка Цамбулева

Резиме

Црниот домат како нова култура на овие простори претставува неоткриен извор на многу активни супстанци. Карактеристичната боја на растението доаѓа од активните компоненти- антоцијани. Овие компоненти ја создаваат бојата во зависност од pHна средината. Антоцијаните претставуваат група на биофлавоноиди кои се многу испитувани во последните децении, прво поради дејството во човековиот организам, потоа поради тоа што се компоненти кои придонесуват за разбирањето на хемијата. Антоцијаните имаат антиоксидантно дејство кое ги врзува слободните радикали во организмот, па затоа претставува едно од најиспитуваните компоненти. Целта на проектот е изолирање на тие компоненти и изработување на фармацевтски облик кој ќе има погодно дејство во човековиот организам.

  • Назив на проект: Присуство на тешки метали во почвата на потег Битола-РЕК Битола
  • Училиште:  СОУ Јосип Броз Тито – Битола
  • Износ на награда: 287,500.00 денари
  • Почеток на проектот: Ноември 2018 год.
  • Времетраење: 12 месеци
  • Ментор: Мите Ристов

Резиме

Идејата за научен пристап во идентификувањето на концентрациите на тешки метали во почвата во регионот на Битола и нивната географска распространетост, ќе има двоен ефект врз учениците. Од една страна, учениците ќе се запознаат и ќе ги применат хемиските и географските методи во научното истражување, а од друга, ќе им се зголеми свеста за потребата од зачувување на животната средина во која живеат.