• Назив на проект: ПристАпп Информациски систем за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај
  • Назив на корисник:  Некстсенс ДОО
  • Износ на доделен грант: 4,522,722.00 денари
  • Почеток на проектот: 01.01.2019
  • Времетраење: 9 месеци
  • Проектен менаџер:  Васко Кроневски
  • Вебстрана: nextsense.com

Резиме

Информацискиот систем ќе овозможи стандардизација и дигитализација на секторите кои што се грижат за превоз на стока и патници. Целите на развој на овој систем се да се зголеми ефикасноста и квалитетот на работата на Министерството за транспорт и врски, но и да се подобри транспарентноста на постапките кон сите инволвирани страни што ги користат услугите. Исто така системот ќе овозможи интеграција, стандардизација на податоци и процеси како и високо ниво на соработка меѓу инволвираните страни. За таа цел системот ќе биде достапен за корисници од министерството со административниот дел но ќе има и јавно достапен дел за сите корисници наменет за аплицирање за дозволи, сертификати, лиценци.

Со цел да се постигне високо ниво на соработка и размена на податоци со останати системи од други институции решението ќе се имплементира според светските стандарди со цел лесно и безбедно да се имплементира интеграција со различни системи од други институции. Системот ќе биде дел од националната платформа на интероперабилност.