Cover photo Петок за млади во ФИТР

Покана за настан „Петок за млади во ФИТР“

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) започнува со нова иницијатива  „#Петок за млади @ФИТР“. Со цел да се поттикнат креативните вештини и иновативноста кај младите, меѓу другото, редовно ќе се организираат иновативни тематски работилници со ученици од основни и средни училишта.

Започнуваме овој петок (12.10.2018) со презентација на победничките проекти на учениците од пет средни училишта кои ги креираа во рамките на работилницата за социјално претприемништво UPSHIFT, која изминатата недела се одржа во Маврово, со поддршка на ФИТР и УНИЦЕФ.

Cover photo Петок за млади во ФИТР

Меѓу нив се и проектите за подгигнување на еколошката свест: „Дај пластичен кош, не биди повеќе за природата лош“ и „Бон тон правила за животна околина“, проектот „Дружење без граници“  за поддршка на деца со посебни потреби, проектот за здрава храна „Енергични бомбици“ и проектот „Динамик дуо“  за обновливи енергии. Потоа следува и заедничка креативна работилница. Специјални гости ќе ни бидат ученици од ОУ “Димитар Миладинов“ од Скопје.

Оваа иницијатива е дел од  новата програма на ФИТР – #Млади со која сакаме да ги вклучиме младите уште од најрана возраст да почнат да истражуваат и да развијат критичка мисла, да се научат да развиваат иновативни проекти преку дружење и интеракција.

Настанот ќе се одржи во просториите на ФИТР (Градски трговски центар, на прв спрат, локал 6, Д.Е. 220, наспроти Жена парк) со почеток во 10.30 часот.