SAMSUNG CSC

Потпишан меморандум за соработка меѓу ССКМ и Фондот и одржана обука за членките по повод третиот јавен повик

На 06.07 2016 година се одржа прес конференција на Сојзуот на стопански комори на Македонија (ССКМ) на која извршниот директор на ССКМ г-дин Митко Алексов заедно с директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, г-ѓа Јасмина Поповска ја презентираа дополнителната промоција на можностите за користење на средствата од Фондот за иновации, како и превземање на конкретни активности за подобра искористеност на средствата од страна на компаниите членови на ССК.

Директорката на Фондот ја потенцираше можноста за компаниите да аплицираат за тековниот трет јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф. Буџетот за финансирање проекти под овој јавен повик е со вкупен износ од 450.000 евра, а рокот за поднесување на барања е до 26 јули 2016 година. Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (што не се постари од 6 години) – „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани, кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.

Сојуз на стопански комори на Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за соработка со кој се официјализираше веќе воспоставената и одлична соработка. Во изминатиот период ССК учествуваше и организираше за своите членови повеќе презентации за можностите за користење на средствата од Фондот така што со оваа активност ќе се продолжи и во иднина со зголемен интензитет.

Со овој меморандум за соработка се потврдува одличната соработка со ССКМ во континуитет уште од од основањето на Фондот и заедничкиот интерес и заложба за зголемување на конкурентноста на македонските претпријатија. Иновациите се неопходни за опстанок на бизнисите и истите се клучни за нивниот поголем раст и извоз. Фондот во соработка со ССКМ ќе ја промовира иновациската дејност пред нејзините членки, ќе организира обуки со цел градење на капацитети за воведување и комерцијализација на иновации – истакна директорката на Фондот.

SAMSUNG CSC

SAMSUNG CSC

Во согласност со потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу ССК и Фондот за иновации, за сите компании кои ќе имаат одобрен проект за финансирање од страна на Фондот, ССК обезбедува бесплатно членство во комората за компаниите во времетраење од една година со можност за користење на сите услуги во рамки на комората како полноправни членови.

По завршувањето прес конференцијата и потпишувањето на меморандумот за соработка се одржа обука за инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф во чии рамки се доделуваат финансиски средства на компании чиишто проекти се со јасна комерцијална амбиција а кои се во фаза од „потврден концепт“ (proof of concept) до преткомерцијална (претпазарна) фаза. Преку спроведување на обуката, компаниите имаа можност да се информираат за правилата и процедурите за финансирање под инструментот – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф, придружната документација, процесот на подготовка на предлог проекти, како и за многу други корисни информации од оваа област кои се однесуваат на критериумите (креативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим) кои компаниите треба да ги исполнат како би можеле да аплицираат за средствата во рамки на овој инструмент.

SAMSUNG CSC
SAMSUNG CSC

>

SAMSUNG CSC

SAMSUNG CSC