Despotovski_panel_UNICEF_02

Потребна е иновација во образование и образование за иновација

Да го поттикнеме креативното и критичко размислување од мали нозе за да можеме да создадеме модерно и динамично општество е заклучокот од тридневната конференција „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина“.

„Позитивните примери треба да се препознаат и рашират, за потоа тие индивидуални примери да го „заразат“ целото општество. Не може да бараме иновативност во образованието без да имаме образование за иновација“– истакна Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Despotovski_panel_UNICEF_01

На панел дискусијата што денес се одржа во хотел Александар Палас во Скопје, Деспотовски, заедно со Маринела Маричиќ-Тушева, шеф на кабинет на министерката за образование и Розалидна Стојова, раководител на одделението за развој и промоција на информатичко општество при ресорното министерство, ја истакна соработката меѓу двете институции во насока на подобрување на образовниот процес преку примена на креативни решенија и иновации.

„Алатките од информатичката технологија не се супститут за односот и пристапот помеѓу наставникот и ученикот, туку тие се помагала. Преку таквите креативни алатки, децата би можеле да научат како да ги критикуваат веќе востановени вистини, да ги преиспитуваат и да креираат нови. Нашиот придонес е токму тука, да се користат иновативни алатки во образовниот процес како учениците би можеле да го развиваат сопственото креативно и критичко размислување“, нагласи тој.

Меѓудругото, на овој панел кој беше одржан на третиот ден од конференцијата „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина“, организирана од УНИЦЕФ МК, а поддржана од SmartUp – Social Innovation Lab, Деспотовски го најави и отворањето на вториот повик во соработка со МОН, што би следел на почетокот од идната година.