Во рамките на серијата претставувања низ Република Македонија, на 7ми ноември 2014 година, Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Македонската банка за поддршка на развојот се претстави во Прилеп.

Во просториите на Регионалната стопанска комора во Прилеп пред присутните претставници на приватниот сектор, иноватори и заинтересирани претприемачи, претставник на ФИТР оддржа презентација на целите и дејностите на Фондот. Меѓу другото, заинтересираните имаа можност да се запознаат со можностите за финансирање под четирите инструменти на Фондот, како и за процедурите за поднесување предлог проекти и оценување на пристигнатите предлог проекти.

Беше договорена и понатамошна соработка со регионалната комора со седиште во Прилеп со цел подобро запознавање со процедурите за доделување финансиски средства преку инструментите на Фондот по објавување на повиците за аплицирање од страна на ФИТР.