На 22.06.2015 година во Клубот на Пратеници со почеток во 13 часот, Фондот за иновации и технолошки развој одржа Презентација на проектите кои што се избрани за финансирање на првиот повик за инструментот Ко-финансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации, по што следуваше и официјално потпишување на договорите за финансирање на 16-те старт-ап и спин-оф претпријатија. Првиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој за инструментот кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации беше отворен од 18. 02.2015 до 18.04.2015. Инструментот беше наменет за финансирање на новоосновани претпријатија коишто постојат најмногу 6 години, микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Македонија, и беше со цел поттикнување на иновативноста кај претпријатија и имплементирање на иновативни решенија. На повикот се пријавија 78 предлог проекти од кои 34 поминаа во фазата на претселекција, а 16 беа избрани за финансирање. Од нив 7 се во ИТ секторот, 3 во електроника, 1 во оброзование, 1 во прехрамбена индустрија, 1 во индустрија на видео игри и 3 во производство на машини. Фондот ќе чествува со нешто повеќе од 450, 000 евра. Фондот за иновации и технолошки развој им посакува многу среќа и успешност во работата.