На 9ти мај, на покана на општина Демир Капија, директорката на Фонодот за иновации и технолошки развој одржа презентација пред присутните претставници од локалните претпријатија.

Презентацијата имаше за цел запознавање на потенцијалните корисници од територијата на оваа локална заедница со можностите за финансирање кои ги нуди Фондот. Директорката Јасмина Поповска ја искористи приликата да истакне дека Фондот финансира проекти од сите сектори, вклучително од земјоделието, винската индустрија и винскиот туризам што е од исклучителна важност за развојот на потенцијалите на ова наше подрачје.

Demir-Kapija-1_opt

Присутните имаа можност подетално да се запознаат со основните инструменти за финансирање кои ги нуди Фондот и да постават прашања. На овој начин, условите за финансирање се приближија до целната група, односно микро, малите и средни претрпијатија, индивидуалните иноватори, но и лицата кои би започнале сопствен бизнис.

Директорката Поповска и претставниците на општината Демир Капија ќе се заложат добрата соработка да продолжи и понатаму во насока на поттикнување на иновациите и технолошкиот развој во овој регион, како и продуктивно искористување на средствата на Фондот.